„Кога ќе дојдеме на власт нема да има повластена каста политичари, без оглед на тоа колку некој е близок до мене“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како власт ние не смееме да се мешаме во судските одлуки, но секако исклучително квалитетно ќе наметнеме алатка за мониторинг на работењето на судиите и обвинителите, бидејќи тие не смеат да бидат инструментализирани за политички цели или пак за бизнис цели, затоа што влијанието не дојде само од политичарите, туку и други центри на моќ, така што мора внимателно да се мониторира работењето, но има и други начини, ова денеска во емисијата Став на кумановската телевизија Плус.

-Ние нема да бидеме Зоран Заев и кога ќе ни требаат гласови да си играме со човечките судбини како што беше онаа со починатиот Мартин Нешковски или трагедијата на Смилковското Езеро за да манипулираме со човечките судбини и да играме на ниски страсти и болка на луѓето, ние тоа нема да го правиме, но секако ќе работиме и ќе испорачаме многу повеќе од тоа. Ние мора да се однесуваме одговорно и сериозно, затоа што ако продолжиме да се однесуваме егзибионистички тогаш што ќе речат нашите граѓани? Не е ова политиканство, туку искрени пораки кои што сакам да ги порачам од вашата емисија, рече Мицкоски.

Тој додава дека нема да има повластена политичка каста, нема да има повластена социјална каста во ова општество и секој оној кој што има сомнеж за сторен криминал и секој оној кој што се посрамотил пред граѓаните мора да сноси одговорност.

-Без разлика дали тоа се политичари до мене и сум поминал многу искушенија и битки или пак тоа се останати слоеви во општеството, нема да има буквално никаков компромис со законите. Мора еднашка да го ресетираме општеството за да можеме да ја вратиме довербата кај граѓаните и оние разочарани кои што не си заминуваат бидејќи се разочарани од неможноста да најдат пристојна работа, туку се разочарани од непредвидливата и хаотична перспектива која ја има нашата држава, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This