ОВАА ВЛАДА HEMA HИTУ ЕДЕН ПРОЕКТ: Oткaжан дури и тендерот за автопатот до Блаце во должина од два (2) километри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Став“ на Телевизија Плус вечерва истакна дека оваа влада нема еден постоечки проект којшто го направила во овие три години.

-Кажете ми еден нивен проект, проект којшто го испроектирале, тендерирале и изработиле, навистина нема ,не постојат и оние кои што постоеја како политики завршија како ова со прогресивниот данок „извинете згрешивме“, вели Мицкоски.

Мицкоски се наврати на онаа како што вели „мега“ лага пред председателските избори за два километри автопат кон граничниот премин Блаце, со соседно Косово, и тука работата застанала и тука бил поништен тендерот затоа што добиле неочекувано високи цени, два километри автопат не се способни да ги истендерираат не па нешто повеќе вели тој.

-Сето она што го гледате во патната ифраструктура експресниот пат од Куманово до Крива Паланка, експресниот пат од Штип до Кочани, експресниот пат од Штип до Радовиш, автопатот којшто беше Миладиновци-Штип, комплетно проектирањето, обезбедувањето финансиски средства, тендерирањето беше започнато од претходната влада. Исто како на автопатот од Кичево до Охрид, нема никаква механизација за моделирање на делницата, буквално е се застанато, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This