КОИ СЕ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ НА „СЦЕНАРИСТОТ“: Нонковиќ објасни што ѝ се подготвува на Македонија и кои се следните чекори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради неизвесноста на финалниот исход од изборите со кој ДИК калкулира и трпението на народот кое е при крај, сите се прашуваат што се случува денеска и во кој правец може да се одвиваат настаните по поднесените приговори од страна на СДС (без М) и Беса и барањата за прегласување во одредени места.

nonkovik

На ова одговор даде новинарот Бобан Нонковиќ кој на својот Фејсбук профил го напиша следново:

„Еве што се случува денеска (и ве молам престанете да ме прашувате во инбокс, бидејќи се што знам објавувам јавно!):
– Државната изборна комисија, која мнозински е под контрола на СДС, но пред се на амбасадата на САД, денес одлучува за „пријавите“ на СДС и БЕСА, за демек-нерегуларности во Изборни единици 5 и 6.
– Пријавите се празни и смешни, бидејќи и нивните набљудувачи на самиот изборен ден не ставиле никаква замерка во записниците.
– Под силен притисок на оној „што никогаш не бил во ДИК“ и кој „никогаш не се мешал во работата на ДИК“, но и смртни закани за нивниот живот и животот на семејствата на членовите-Албанци во ДИК и пред се на претседателот Чичаковски, се прави притисок да има прегласување во тетовско Теарце (ви текнува, јас прв, уште ден по изборите ви реков дека имаше обид токму таму да се крадат гласови преку подметнување на фалс-записници). А, за тоа да се случи само треба да се гласа со мнозинство во ДИК по однос на „пријавата“ на СДС.
– Цел е Шестата изборна единица, бидејќи таму за околу 300 гласа повеќе, ВМРО-ДПМНЕ освои четврти пратеник (еден повеќе од СДС).
– А, на прегласувањето, со истите методи (пари+закани-по-живот), потоа сите во Теарце ќе гласаат за Заев и ете „пата-пата“ резултат во пратеници (50:50), меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС!
– Се што по сето ова ќе следи е веќе познато сценарио за што, не еднаш сум пишувал и кажувал од почетокот на оваа криза пред две години. А и самиот Заев, всушност ни кажа.
– Албанската косовска дијаспора веќе вшприцува нови милиони евра за СДС и нивниот back-up да го завршат големото сценарио.
– Свесен за се ова што му се готви од специјалитетот „изборен инженеринг“ на СДС и „оној што никогаш не бил во ДИК“, македонскиот народ насетува и веќе се самоорганизира за вечерва да го покаже својот револт, а тоа, поради насобраниот гнев, ќе значи МакедоноМајдан!

Тоа е сé што знам и на прашања нема да одговарам, иако вие може слободно да си коментирате!

#ЕхКогаЗаСеОваВиВелев
#МиВелевтеДаНеПретерувам
#Џабе2ГодиниМачењеПаИстиКрај“, напиша Нинковиќ на својот Фејсбук профил

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This