КОЛАЧ ЗА ДУША: Воздушест и лесен чоколаден десерт што морате да го пробате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воздушест, пенест десерт со неверојатен вкус кој се прави за многу кратко време.

,

Состојки:
100 г шеќер
3 лажици какао во прав
3 лажици скроб (најдобро чоколаден)
370 мл свежо млеко
250 мл слатка павлака
100 г млечно чоколадо
какао за украсување по желба
100 г чоколадо за готвење
1 лажица масло

Приготвување:
Добро измешајте ги сите суви состојки – шеќерот, какаото и скробот. Во нив додајте млеко и кисела павлака. Исцедете ја смесата во тенџере и мешајте на умерена температура. Додајте го ситно исечканото чоколадо и мешајте додека смесата не се згусне. Не треба да зоврие.

Во плех обложен со хартија за печење, сипете ја смесата и ставете ја во фрижидер 12 часа. По желба, наросете ја со какао. Ако сакате да ставите чоколадна глазура, прво нека се олади десертот неколку часа, па дури потоа прелејте го со чоколадо за готвење кое сте го стопиле со лажица масло, па вратете го во фрижидер.

Оладениот колач најдобро е да го сечете со помош на загреан нож. Уживајте!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This