Колев до Коциќ: Прошетајте со мене низ Велес да видите во какво ѓубре ги оставивте да живеат велешани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната дебата во Телевизија 24 во изборно соочување на кандидатите за градоначалници за Велес, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, во врска со загаденоста и нечистотијата во градот и менаџирање на власта со комуналното претпријатие, илустрираше со фотографии каква е реалната состојба и истакна дека Велес тоне во ѓубре, а предочи неколку проекти кои гарантира дека ќе ги направи доколку ја добие довербата на велешани како справување со сметот преку поддршка на комуналното претпријатие и со европски финансии преку проектот за нова трансфер станица за смет, и му посочи на кандидатот на СДСМ, Ненад Коциќ заедно да прошетаа низ градот за да увиди власта во Велес во какво ѓубре го остави градот.

-Силен фокус во програмата ставаме на хигиената и похуман начин на живеење, бидејќи во изминативе четири години Велес не бил позагаден, понечист, на сите страни има полни контејнер, тоа се должи пред се на немањето на капацитет на менаџментот на комуналното претпријатие, бидејќи во изминативе четири години, четири пати менуваат директор на истото, истакна Колев.

-Ние планираме неколку проекти, од кои еден од нив е Велес да се приклучи кон регионалната депонија која треба да се гради во Свети Николе, во Велес да има трансфер станици, тоа е еден голем проект кој е почнат пред десет години, со европски финансии, изградба на трансфер станица, купување на контејнери и транспорт кон депонијата која треба да се гради, бидејќи ова е еден од начините да се спасиме од нечистотијата во Велес, посочи Колев.

Тој вели дека има уште неколку проекти и начини, програми кои општината ги има во врска со справување со ѓубрето, а во насока на поддршка на комуналното претпријатие, во кои е вклучен и еден во врска со езерото Младост.

Колев со фотографии прикажа каква е реалната состојба со ѓубрето во Велес, и му посочи на противкандидатот од СДСМ Ненад Коциќ доколку сака да прошета со него по емисијата низ градот за да увиди во какво ѓубре живеат велешани.

-Комуналното претпријатие „Дервен” го земавте со плус 25 милиони денари, а сега е минус 15 милиони денари, тоа се официјални податоци, критикуваше Колев.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This