Колку е прaтеничката плата, а колку зeма претседателот на собранието?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери во 24 анализа се осврна на апанажите на политичарите и смета дека не се изнесени податоците како што се добиени од Собранието. Антиокорупциска пуштила циркулари до Собранието.

Формуларот и прашалникот по кој ставки и што бараат е нивен. Тие од нас бараа бруто износ и сме го доставиле. Требале да ја кажат информацијата како што ја добиле. Кога ќе кажете бруто плата, тогаш се мисли дека не е износ што оди на сметка на пратеникот за трошење како плата, а плата се мисли дека е она што се добива на трансакциона сметка.“ – рече Џафери.

Тој истакна дека едно е бруто, друго е нето. Апaнажата е нето на она што го прима пратеникот според коефициентот што го има. Пратеничката плата е 3,5 коефициент и вели дека најниската е 57 000 денари. Разликата од бруто и нето оди во солидарните фондови кои ги користат сите вработени.

„Пратеникот зема апанажа минимум 57.000 денари, а претседателот околу 90.000 денари во зависност од стажот.“ – рече Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This