КОЛКУ И ДА СМЕ ГРЕШНИ, БОГ САКА ДА Е ВО НАШИТЕ СРЦА:Во Бигорски манастир за Прочка над 1.500 верници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка, македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, беше препол од верници.

-Брзајќи подготвено да го започнат подвигот на Постот, Бигорското монашко семејство, придружено со огромно мноштво верници што пристигнаа од секаде низ земјава, се собраа во големиот Претечев храм, за тука искрено да ги отворат своите срца во покајание пред Бога, барајќи од Него и од своите ближни прошка за сите свои прегрешенија, со кои ја нажалиле Неговата добрина.

Храмот кој ги пречека со тивкиот сјај на запалените кандила, наскоро ги смени своите светли облеки, потсетувајќи ги за претстојното покајно патување низ неделите на постот, а монашкиот хор, низ умилителните стихири во душите го раѓаше она спасително чувство на таговна радост, подготвувајќи ги за мигот на сеопштото простување,велат од Бигорскиот манстир.

Во обраќањето игуменот на манастирот, Архимандрит Партениј ги повика присутните уште посилно да се задлабочат во прекрасната атмосфера на Великиот Пост и да ги усвојат љубовта и простувањето како најважни.

-Ве замолувам и смирено од вас барам да ми простите и мене за сѐ што како духовник сум ви згрешил, како и за сите мои гревови од сите денови на мојот живот, бидејќи нема човек кој ќе живее, а да не згреши. Понекогаш тие што имаат голема духовна власт и одговорност, можат и најмногу да згрешат. Јас се чувствувам последен и најгрешен од сите и затоа се надевам на вашите молитви и на вашата прошка. Доколку најдете сили да ми простите и Бог ќе ви прости вам. Колку и да сме грешни, Бог сака да биде во нашиот внатрешен дом, во нашето срце. Да сте благословени, добар пост и на крајот сите да се удостоиме со радоста од славно воскреснатиот наш Господ, порача меѓу другото Архмандрит Партениј.

Во текот на вчерашниот ден овој македонски бисер го посетија и поголем број странци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This