КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: БРИКС VS НАТО – Раѓањето на биполарниот свет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniСојузот на НАТО, гледано реално и нема некоја голема моќ. Ако ги исклучиме САД кој алијансата ја користат како оправдување за нивната полициска работа главно во Европа, поради што и е најголемиот финансиер на истата, тогаш ќе видиме дека преостануваат уште неколку членки кои имаат реална моќ. БРИКС е неофицијално сојузништво, имено, БРИКС нема ниту секретаријат, простории и слично. Она што го има е сојузништво формирано на реални основи, економски и геостратешки истородни интереси. БРИКС е сојузништво на земји кои се грижат за благосостојбата на своите граѓани, без разлика на нивната расна, религиска или идеолошка основа.

НАТО е само пандан за непречено спроведување на хегемонистичката идеа за униполарност на САД во светот и главно во Европа. Во изминатите 300 години Западната култура ги постави сопствените правила на игра на пиедесталот и ја има главната и водечка улога.

Сепак, Западното сојузништво никогаш немало солидна и цврста основа. Имено, по отварањето на националните архиви на САД на површина излезе и еден класифициран документ со план за уништување на Велика Британија од 1930 година, само девет години пред почетокот на Втората Светска војна. Тогаш, САД не толку моќни ниту воено, ниту економски, уште помалку политички реалната и можеби единствената преостаната закана, по неутрализирањето на Француската ја гледаат во Велика Британија и нејзините колонии. Оттаму, американските воени и економски експерти сковале план за рушење на Велика Британија, и нејзино доведување на колена се со цел Велика Британија да стане она што е денес, омилена пудлица на САД. Замислете, оваа анти-британска идеологија одела дотаму што во Њујорк јавно се одржувале митинзи со про-Хитлеровска поддршка, само девет години пред започнувањето на Втората Светска војна.

Сојузот на НАТО, гледано реално и нема некоја голема моќ. Ако ги исклучиме САД кој алијансата ја користат како оправдување за нивната полициска работа главно во Европа, поради што и е најголемиот финансиер на истата, тогаш ќе видиме дека преостануваат уште неколку членки кои имаат реална моќ. Тоа се Франција, Германија и Велика Британија. Од овие три земји членки на НАТО само Велика Британија може да се смета за вистински сојузник. Франција е единствено добра во производство на воена техника, создавање на трупи за одбрана и одбрана на своите колонии, и толку. Германија која важи за светска воена сила, е држена од САД и Велика Британија на краток ланец бидејќи реално, никој не би сакал да ризикува независна и моќна Германија по искуството во Втората Светска војна. А и онака, Германија е првата која заминува од боиштата откако првиот германец ќе загине, оставајќи ја САД и Велика Британија.

Имено, од реално сојузништво вообличено во НАТО ништо. НАТО е само пандан за непречено спроведување на хегемонистичката идеа за униполарност на САД во светот и главно во Европа. НАТО како организација која треба да се грижи за мирот и безбедноста во светот се води од идејата “една раса-една вера-една идеологија”, нешто што морничаво потсетува на некои минати времиња, времиња кои никој од нас не би сакал да се повторат. Но и тоа не треба и толку да не изненадува доколку знаеме дека водачот на НАТО, САД ја отфрли и гласаше против резолуцијата поднесена од страна на Русија пред ОН за спречување на неонацизмот и спречување на глорификацијата на нацифашизмот.

БРИКС пак од другастрана е кованица кои ги симболизираат првите букви на државите кои се согласни на пред се на економско сојузништво. Таа кованица ја има составено економистот на “Голдман и Сакс” Џим Онил со цел полесно да продава акции. Сојузништвото на БРИКС сепак своето создавање го должи на Михаил Горбачов, коj воден од идејата за формирање на стратешки триаголник помеѓу Кина, Индија и СССР со цел да се победи САД и Западот во Студената војна ги формирал односите на кои денес се заснова БРИКС. Сепак, тој оваа идеја ја има напуштено во моментот кога тој увидел на подобрување на односите со САД. Во 1988 година Горбачов се навраќа на идејата по согледувањето на интересот на Бразил за приклучување кон едно вакво сојузништво. БРИКС е неофицијално сојузништво, имено, БРИКС нема ниту секретаријат, простории и слично. Она што го има е сојузништво формирано на реални основи, економски и геостратешки истородни интереси. БРИКС е сојузништво на земји кои се грижат за благосостојбата на своите граѓани, без разлика на нивната расна, религиска или идеолошка основа.

Да позборуваме малку за фактите. Во моментот БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) комбинирано поседуваат 25% од светската земјена површина, околу 40% од светската популација, и околу 17% од светската економија, како и повеќе од 50% од светскиот економски раст. Во 2014 година комбинираниот БДП на БРИКС е 10,971.6 трилиони кој е близок со оној на САД од 14,657.8 трилиони и оној на ЕУ 16,282.2 трилиони. Имено, се очекува до 2020 година комбинираниот БДП на земјите од БРИКС да го надминат комбинираниот БДП на САД и ЕУ. Тоа би значело дека до 2020 ако не и порано, земјите на БРИКС ќе ја заземат доминантната улога во светската економија. Дотолку повеќе ако знаеме дека БРИКС преземаат и активности и иницијативи за рушење на доларот и негово заменување со алтернативни валути. ММФ спроведува реформа со која доларот ја губи положбата на единствена валута за мерење на економиите, меѓудржавните и интернационални трансфери на пари. Кина веќе започна со трговија исклучиво во јуани, рубљи и рупли. Со ова доларот ја губи доминантната улога, а со самото тоа ја губи и битката. Ако знаеме дека денес САД како носител на НАТО е должничка држава која целиот свој долг го должи на надворешни држави преку обврзници и тоа најголем дел кај земјите од БРИКС, тогаш можеме да претпоставиме и колкава е моќта на НАТО во споредба со онаа на БРИКС.

Покрај менувањето на валутите за трговија, БРИКС формира и Банка за развој на со капитализација од иницијални 50 милијарди и докапитализација со дополнителни 50 милијарди или 10 милијарди по членка. Ова се прави со цел подобра алокација на средствата кои се даваат на заем. Имено, во моментот четири членки на ММФ од 188 кои не се ниту носечки светски економии поседуваат 40% (39,4%) од правото на глас и одлучување, од кои Кина како најголема економија само 4%.

Банката за развој на БРИКС иако иницијално далеку послаба од ММФ, во наредниот период може да се покаже како камен на сопнување првично за САД како носител на Западната економија.

Се разбира, помеѓу членките на БРИКС не е се така розево, дотолку повеќе ако се знае и за долгогодишниот територијален спор помеѓу Кина и Индија кој би можел да се покаже како фатален за унијата БРИКС, особено по краткиот Сино-Индиски конфликт во 1962 година. Но, светло на надеж дава и задничката изјава на министрите за надворешни работи на Кина и Индија минатата година во која тие изјавија подготвеност во новата 2015 година спорот да биде решен, односно дека решението само што не е донесено, при што кинескиот министер за надворешни изјави “Решението за спорот со границата е како богатсво кое само што не е откопано”. Оваа изјава кажува повеќе отколку сите анализи за идните односи помеѓу Кина и Индија.

Во овој поглед мораме да осврнеме внимание и на останатите проекти на земјите од БРИКС. Имено во тек е проектот за рестартирање на “Свилениот Пат” на Кина, два нови гасоводи на Русија до Кина, нов гасовод на Русија преку Турција со што најверојатно БРИКС ќе добие уште еден моќен сојузник, се поверојатното рестартирање на Јужен Тек, зголеменото производство на нафта на Русија, рекордно високите стапки на раст на Кина, нафтените бумови во земјите на БРИКС и оние кои се членки на Евроазиската унија итн итн. Што би рекло, богатството од постоењето на цивилизацијата се движело од исток кон запад и обратно.

БРИКС покрај останатото претставува и алтернатива на униполарниот свет кој сака да се наметне на глобална сцена. По 300 години владеење на западните правила на игра речиси и тоа се постигна. Но, доаѓа време кога глобалната цивилизација бара алтернатива, повеќе можности, неограничени ресурси. БРИКС како што наведов и на почетокот се базира на единствена идеологија која се нарекува благосостојба на сопствените граѓани, за разлика од онаа на Евро-атлантските институции кои се базираат на идејата дека различни раси неможат да живеат во кохезија. Оттаму, БРИКС и ќе ја црпи сопсвената сила.

САД како најголем финансиер на НАТО нема да може да ги издржи притисоците на БРИКС на воен план. Фронтална војна сигурно нема да има, главно бидејќи тоа не го сака Русија. Но и да има, САД едноставно не е доволно финансиски моќна да ја спонзорира таа војна. Германија нема да дозволи да се впушти во нова војна, Франција веднаш ќе прибегне кон затварање и одбрана како и што се покажало низ историјата. Нуклеарна војна е она што би можело да биде одговорот на САД, но и тоа најверојатно нема да се случи, главно бидејќи повторно Русија не го сака тоа и покрај двојно поголемиот број на нуклеарки. Едноставно, ќе постојат економски притисоци, санкции, политички игри и секој на крајот ќе го добие она што го сака.

БРИКС во моментот ги поседува најголемиот дел на природни ресурси, најголемиот број на работна сила, идеологијата без разлика на расата за сите е иста, воената моќ на сите членки е на завидно ниво. Победник сигурно нема, но алтернатива има. Низ екомонското партнерство и трошењето на средства за јакнење на воената моќ, БРИКС ја еродира униполарноста која постои во светот денес. Тие исто така сакаат поголемо влијание во економските институции на Западот како ММФ и Светска БРИКС се успешна приказна во процес, но тие сеуште не се интернационална организација. БРИКС примарно се занимава со економска кооперација, која треба да генерира поголемо богатство за своите граѓани.

Да сумираме. БРИКС се воено помоќни, за некоја година и економски. НАТО ја губи силата главно поради преголемите трошоци изминатиот период. НАТО станува непопуларен поради агресивноста, БРИКС добива симпатии поради нивниот пристап кој негува респект кон автономиите. На краток рок ќе видиме нови членки на БРИКС, помалку на НАТО. Евроазиската унија ќе ја завземе својата вистинска улога, ЕУ ќе го продолжи својот пад надолу. САД зависни од оние на кои им должат преку обврзниците за долгот ќе го продолжи своето двегенерациско печатење на пари што ќе доведе до пад на доларот и економијата, а примарно место во глобалната економија ќе го завземат некои други валути.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This