КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Минус пред заграда!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ја гледам министерката за труд и социјална политика како се вади, како минус пред заграда, за немоќта и неспособноста да се направи планираното покачување од 5% на пензиите.Просто да ти падне жал. Нејзиното образложение е дека Фондот за пензиско има дефицит од 21 милијарда денари како резултат на недомаќинското работење на претходната влада. И…??? Готово, заврши работа? Се оправда?

Бидејќи едно време бев министер за труд и социјална политика би сакал да и помогнам за да разбере како стојат работите и од каде доаѓа овој дефицит.

Во 2005-та година, дефицитот во Фондот за пензиско осигурување беше 9.2 милијарди денари. Од 01.01.2005 година, стартуваа пензиските реформи со кои што се формираше и вториот пензиски столб под мониторинг на Светска банка. Главни советници за нивна имплементација ни беа експерти од Хрватска и поранешниот министер за труд и социјална политика на Естонија. И нормално, Сандра Блуменкап. Се сеќавате на неа, нели? Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија!

Формирањето на вториот пензиски столб значеше сите нови вработени од 01 март 2005 година, сами да одлучат во кој втор пензиски столб ќе се зачленат, и таму, одеше и оди голем дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, додека само дел во сегашниот, постоечки Фонд за пензиско осигурување. А, старите осигуреници пак,неше планираниот и натаму ќе продолжуваат да плаќаат во сегашниот пензиски фонд. Тоа, во пракса значи дека колку што се зголемува бројот на вработени од 01 март 2005 година, па до денес, за толку се намалува приходот во стариот пензиски фон, односно, токму за толкав износ се зголемуваат приходите во вториот пензиски столб. Во моментов сите пензионери примаат пензии од постоечкиот пензиски фонд, тоа значи дека има планиран дефицит на истиот. Добро е министерката да ги отвори документите и да види што предвидуваше планот, односно, како ќе се зголемуваат транзиторните трошоци од година во година.

Во 2005-та дефицитот беше 9.2 милијарди денари, веќе во наредната 2006 година тој се зголеми за 1.4 милијарди или достигна вкупно 11.6 милијарди денари. И така, од година во година си расте овој планиран дефицит, и тој ќе се зголемува се додека не почнат да одат во пензија осигурениците коишто се влезени и во вториот пензиски столб.

 

Би било добро малку и да се разбира министерската работа. Имав еден професор по марксизам кој нѝ велеше дека: “Лекцијата треба да ја учиме напамет, ама со разбирање“. Царовска научила напамет, дека за сé што нема пари во Министерството за труд и социјална политика, крив и е ВМРО-ДПМНЕ.Ама и да доучеше нешто…!

Арно ама,ние пак, имаме една „маана“, брзо учиме ама тешко забораваме.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This