КОЛУМНА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Замајување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порано имавме министерка која на секое второ прашање одговорот и беше: „…согласно Уставот и законите“. Сегашната министерка за правда е многу слична, па вели: „…согласно процедурите“ очекуваме Унгарија да го врати Груевски. Се прашувам само како ли не ја заболе устата изминативе пет недели да ги повторува истите реченици.

Груевски па, Груевски! Воопшто не им е грижа и не ги ни спомнуваат двајцата убjци на децата од Смилковско езеро. Да потсетам, тие се наоѓаат во бегство повеќе од пет години. Никој не зборува за убeцот на навивачот на „Комитите“ Никола Саздовски. Се правиме будали па не знаеме каде се избегани? Но, да се само тие добро е. Избегани се уште неколку десетици уbиjци, кpиминaлци, paзбojници и нивно најчесто заслониште е токму еден од нашите северни соседи – Косово. За овие уbиjци чии kpивични дела никогаш не застаруваат воопшто нема интерес и, згора на тоа Македонија гласа за членство на Косово во „Интерпол“ – наместо да постават услов со кој јасно ќе кажеме: Да, ќе добиете наш глас но под услов да ги испорачате сите избегани, ocудени, oбвинetи и осомничени тешки kpиминалци и убијци. Доколку не го прифатат ултиматумот, нема глас. Но, јасно е дека ниту министерката за правда, ниту СДСМ има интерес да ги стави зад решетки овие луѓе туку напротив со нивните претставници си прави пазар. Затоа ќе го замајуваат народот секојдневно, со тоа дали Унгарија ќе го вратела Груевски.

Во меѓувреме продолжува сеопштото затупување на Македонскиот народ како и неговото духовно уназадување. За геополитика, за геостратегија никој ништо не зборува. НАТО па НАТО! Не можеме повеќе да ги слушаме. Демек многу ќе сме биле безбедни кога ќе сме влегле во НАТО. Епа еве колку сте безбедни, кога Груевски ви побегна преку две земји членки на НАТО, а третата му е прибежиште. Еве колку сме сигурни и безбедни како членки на НАТО. Тоа значи дека тогаш исклучиво нашата безбедност и разузнаачките податоци ќе се базираат исклучиво на сознанијата добиени од НАТО структурите и вакви безбедносни ризици, кога и да сакаат нивните структури – да ми извинте на изразот – ќе ни го поттикнуваат. Кога и да си сакаат ќе ни направат некој пропуст за да биде Македонија или регионот дестабилизиран. Тоа значи дека тогаш целосно ќе бидеме ставени во нивни раце и како сакаат и колку сакаат ќе се поигруваат со нас.

Во меѓувреме Косово ќе си формира војска, од нашава држава нема никаква реакција затоа што постоењето на косовската војска во ниту еден случај не значи зголемување на нашата безбедност, а од друга страна – што ќутиме како мутави кога Американците ги вооружуваат Косоварите, зошто ние не бараме оружје и за нас. За нашите одбрамбени и офанзивни потенцијали бидат ставени на повисоко ниво. Во случај на било каков судир од регионален размер, Македонија ќе биде целосно воено импотентна. Затоа да престанеме да се бавиме со тривијални работи и првенствено да се вратиме кон важните прашања за граѓаните. А тоа е безбедноста, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и јакнење на потенцијалите на Р.Македонија – безбедносни и економски. Така ќе можеме да одговориме на сите предизвици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This