КОМАНДАНТ СОКОЛИ, СЕ ОСОКОЛИ: Да бев јас главен, немаше да бидат само 18 загинати, туку 200!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да бев јас командант, на 9 мај 2015 година немаше да има 18, туку 200 убиени. Јас не сум толку наивен, рече денеска во Врховниот Суд Сами Укшими, познат како командант Соколи, кој е првообвинет во случајот познат како „Дива населба“.

sokoli

Командант Соколи пред сите во судницата рече дека мисија на кумановската група била реализација на Охридскиот рамковен договор. Себе си се декларира како патриот, а не терорист, и не чувствува вина.

Во Македонија влегол илегално, ноќта меѓу 1 и 2 мај 2015 година од Косово, преку граничен премин кој не е признат од македонската страна. Биле пречекани од луѓе кои им дале оружје.

Нападот на македонските безбедносни сили што почна утрото во 5 часот на 9 мај во 2015 година го оцени како масивен. Обвини дека при приведување бие малтретирани и тепани.

Инаку, крвавиот настан се случи на 9 мај 2015 година.

Денеска за судењето во Скопје има силно полициско обезбедување.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This