КОМАНДАНТ ХОЏА ГО ОБВИНИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Полицијата не е способна да ги заштити граѓаните од криминалот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две ликвидации со политичка позадина се случија во само еден месец, откако пред два дена во Чаир во близина на маркетот „Принц“ беше убиен Исмет „Кока“ Арифи, за кои полицијата сеуште нема разрешница, поради што јавноста со право се сомнева дека се работи за монтирани и нарачани убиства, особено ако се знае дека Арифи бил и активист на СДС и силен критичар на ДУИ

 

Непосредно пред убиството на Исмет Арифи, тој на својот ФБ профил покрај честите објави со поддршка за УЧК, напишал и текст во кој го обвинил пратеникот на ДУИ Ејуп Халими дека е предавник и нечесен човек, бидејќи му ја „украл“ вереницата на негов другар.

Вечерва, на својот ФБ профил коментираше и Џезаир Шаќири алијас. Командант Хоџа, чиј силен поддржувач беше и Арифи.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Речиси 20 часа по убиството на И.К и ранувањето на Ќ.Л, полицијата се уште нема детали за тоа кој може да биде авторот на убиството на една фреквентна улица во Скопје.
Имаме жив сведок кој е ранет како и улица со многу поминувачи и камери на истатата улица.И покрај сето ова, истрагата пак заостанува.
Како што се чини полицијата и за овој случај, како и за многу други ќе ќути со истите игнорирачки изјави..истрагата продолжува, криминалците се на слобода …
Според сведоците, од автомобил Фиат Пунто сива боја во движење почнаа да пукаат во возилото на жртвите и без да застанат продолжи со брзина накај улицата Џон Кенеди каде на семафорот на црвено врти кон Топанско.
Внатре во автомобилот беа двајца мажи на возраст 25-30 години без маски без капи и бради кои си заминаа со голема брзина.
Невозможно е камерата што е на семафорот да не ги снима тие лицата на убијците.
1. ранет сведок
2. камерите се доволни за полицијата да ги идентификува убијците, но досега се докажува дека полицијата или е неспособна или ги крие убијците и не е на ниво да ги штити граѓаните од криминалот. – пишува Командант Хоџа. [/kopa_block_quote]

Од личниот профил на Исмет, лесно може да се заклучи дека истиот бил силен поддржувач на Зоран Заев и СДС, но најчесто своите активности на социјалните мрежи ги насочувал против лидерот на ДУИ Али Ахмети, кого во бројни наврати го нарекува воен профитер, предавник и шпион.

Тврдел дека Али Ахмети е гробарот на УЧК во Македонија, и дека седнал во скутот на Македонските политичари на штета на албанската кауза.

Освен критиките кон Ахмети, Кока бил силен поддржувач и на терористичката организација УЧК, но и на терористите од Диво Насеље, споредувајќи ги нив со Ахмети како херои наспроти предавник.

Доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на МВР значеше и сигнал дека скопското и македонското подземје имаат одврзани раце да ги решаваат сопствените проблеми, имајќи во предвид дека за време на изборната кампања СДС доби силна поддршка токму од криминалниот свет.

Ова, резултираше со секојдневни инциденти, десетици запалени автомобили, искршени инвентари во скопските локали и рекетирање на бизнисмени.

 

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This