КОМИРАНА РОДИЛКА НАМЕСТО НА ЛЕЧЕЊЕ, ИСПРАТЕНА НА ГЕРИЈАТРИЈА: Инспекција ќе утврдува дали се испочитувани сите протоколи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот санитарен и здравствен инспекторат најави вонреден надзор за случајот со 37-годишната родилка која завчера во состојба на кома од Клиниката за гинекологија била префрлена на скопска геријатрија. По сторијата на АЛФА, инспекторите уште утре ќе ги чешлаат документите на одделот каде три недели лежела родилката Анета Симоновска. Ќе се утврдува и дали биле почитувани сите протоколи за нејзино лекување, но и за трансферот во Домот за стари лица. Во телефонски разговор, директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова – Бухова ни посочи дека инспекторатот е запознаен со случајот и оти повеќе детали ќе објават по завршување на контролата

Семејството на Симоновска обвини дека Геронтолошкиот завод ја нема потребната опрема за лекување на родилката. Се сомневаат и на лекарска грешка, бидејќи како што велат по породувањето Анета била во добро здравје и се подготвувала со бебето да замине дома.

Од Геронтолошкиот завод 13 Ноември за Алфа велат дека родилката била сместена на нивниот оддел за интензивна нега. Ги отфрлаат обвинувањата дека немале услови за згрижување на пациентката, бидејќи според нив ова не било прв пат да се грижат за пациенти во кома. Докторите од Заводот велат дека пациентката не е врзана за апарати, самостојно дише, но поради повеќекратен застој на срцето, била во многу тешка состојба.

Пред да биде префрлена на геријатрија, Симоновска три недели, во состојба на кома, лежела во шок соба на гинекологија. Од Клиниката информираат дека пациентката имала и претходни здравствени проблеми, висок притисок, астма и срцеви заболувања.

„Секоја преземена активност беше со дозвола и со знаење на членовите на потесното семејство, кои, во повеќе наврати имаа можност да бидат непосредни сведоци на целокупниот ангажман на анестезиолошките служби при нашата Клиника. На 14.08.2018 година, поради неможност за понатамошно лекување на ГАК, пациентката со возило на Брза помош организирано од наша страна, беше префрлена во Геронтолошки завод „13 Ноември“ Скопје“.

Анета Симоновска се породила пред еден месец. Породувањето минало добро, а таа на свет донела здраво машко дете, петто во семејството Симоновски. Семејството веќе консултирало адвокат и најавија дека правдата ќе ја бараат низ институциите.

Биљана Божиновска
АлфаТв

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This