Владата на утрешната седница ќе одлучува дали да има целодневна настава за децата од прво до трето одделение кои со физичко присуство ќе тргнат на училиште на 1 октомври.
Според информации на Сител денеска Комисијата за зapазни болecти дала зелено светло децата од ист клас да можат да останат во училиште до 15 часот и да не се мешаат со други одделенија. Ова следува по реакцијата на многу родители зошто нема кој да им ги зема и да се грижи децата бидејќи тој период околу пладне кога им завршувале часовите биле на работа.