Комисијата за зapaзни бoлecти не пpeпорачува дневен престој во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè уште не е решено дали во основните училишта ќе профунционира целодневен престој за децата кои физички ќе посетуваат настава. Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок не препорача целодневна настава додека не добие податоци од Министерството за обрзование за тоа колкав е бројот на децата кои освен настава со физичко присуство, родителите ќе ги пријават за целодневен престој.

-Ова прашање не е се уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користече дневниот престпј по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Минситерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме, вели за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје д-р. Александар Стојанов, кој истовремено е и член на Комисијата за заразни болести.

Што се однесува пак до градинките, според директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски, засега нема одлука за затворање, но доколку бројот на заразени нагло почне да се зголемува, не ја исклучуваат и таа можност. Инаку денеска има два нови случаи на заболени во градинките, едниот психолог во Кочани, а другата е негувателка во Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This