Конте зapaбoти цpвeн кapтон: Тренерот на “Интер” ce иcклyчи и му yпaти “coчни збopoви” кoн cyдиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интер не успеа да го победи Удинезе и не го искористи најдобро поразот на Милан од Аталанта, а на следната средба ќе биде без својот тренер Антонио Конте.

Во судиското продолжение, Конте дофрлуваше кон главниот судија Фабио Мареска, по што овој му покажа жолт картон. Но, тренерот на Интер само го зголеми интензитетот на сочни зборови кон судијата, па заработи и исклучување.

– Секогаш ти, секогаш ти Мареска. Дури и во ВАР, секогаш си ти, добро завршена работа Мареска, – зборувал Конте кон судијата.

По завршувањето на дуелот, Мареска му покажал црвен картон и на тимскиот менаџер Леле Ориали, кој очигледно продолжил со офанзивата кон главниот судија.

Она што фудбалските фанови не можеа да го видат на тв екраните е пресметката која се случила кога сите актери на средбата се упатиле кон соблекувалните, а италијански „Скај Спорт“ тврди дека повторно имало најмалку вербален напад врз судиите, а се создала и голема мешаница поради која може да има дополнителни санкции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This