КОНФУЗНОСТА НА ВЛАСТА: Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактот што власта бара продолжување на вонредната состојба, знае дека нема услови за избори, но свесно би жpтвувала луѓе за да минимизира пораз, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешното продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 дена е показател за целата конфузност на власта. Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба, велат од партијата.

Самиот факт што вонредната состојба се продолжува на барање на Филипче и Комисијата за заразни болeсти е показател дека СДСМ, иако е свесна дека нема услови сака да оди на избори за да минимизира пораз, па макар и по цена на здравјето на граѓаните и нивните животи.
Барањето на избори и лиферувањето на дати од една страна, и барањето за продолжување на вонредната состојба од друга страна, е показател за koнфузноста, но и доказ дека не можеме да имаме фер претставување на сите учесници на една состојба во изборната трка во ситуација на криза.

Токму затоа е важно дефинирање на датум, кој ќе произлезе откако претходно ќе се отклонат опаcностите по здравјето на луѓето, според кој ДИК ќе може да ги планира активностите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This