Кон ова ли се стремиме: Во ЕУ не moжат да се договорат дали ќе го прифатат лeтнoто или зимското cмeтање на вpeмето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2018 година Европската комисија спроведе онлајн анкета на која својот став го искажаа 4,6 милиони учесници. Мнозинството од нив побараа да се запре промената на времето, пишува „Дојче веле“.

Сепак, до денес не е постигнат консензус меѓу земјите на ЕУ за тоа време да се воведе – летно или зимско сметање на времето.

Неколку европски земји веќе се откажаа од промена на времето. Исланд, на пример, последен пат ги помести стрелките на часовникот во 1968 година. За земјите во регионите на Арктикот, промената на времето навистина нема многу смисла, бидејќи на врвот на летото и зимата е тешко да се зборува за ден и ноќ. Белорусија не го менува времето од 2011 година, а Русија од 2014 година.

САД следат свои правила. Летното сметање на времето таму веќе почна кога стрелките на часовникот беа поместени на 14 март. Така ќе остане до 7 ноември, т.е. летното време ќе заврши една недела подоцна отколку во Европа.

Преминувањето од зимско во летно време скусува еден час од нашиот сон. Тоа влијае не само на нашите часовници, туку и на нашиот дневен ритам и здравје. По промената од зимско во летно сметање на времето, ќе биде подолго темно наутро, а навечер подолго ќе биде светло. Под овие околности, некои луѓе, особено деца и стари лица, често се жалат на несоница и губење на апетит. Истражувањето на институтот Форса покажува дека 24 проценти од над 1.000 испитаници имале здравствени проблеми поради промената на сметањето на времето.

Најчесто пријавени симптоми се замор и исцрпеност (85 проценти). Ова е проследено со проблеми со спиењето (70 проценти) и тешкотии во концентрацијата (48 проценти). Дванаесет проценти од оние кои имале здравствени проблеми поради поместувањето на часовникот изјавиле дека се во депресивна состојба.

Во моментов со ЕУ претседава Португалија. На прашањето дали оваа земја ќе го стави проблемот на разгледување во текот на своето претседателство, нема одговор, посочува „Дојче веле“.

Мнозинството Германци веќе имаат загубено верба: 63 проценти од испитаниците го имаат отпишано решавањето на ова прашање во догледно време, покажува истражувањето на институтот Форса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This