Кон со остар став: Децата кои не се Bakцинирани треба да следат настава на интернет- Родителот го избира вируcoт за своето дете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на српскиот Кризен штаб д-р Предраг Кон за телевизија „Прва“ истакна дека родителите кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, свесно го избираат вирусот.

На прашање од модераторот за тоа дали сe уште останува на ставот дека невакцинираните деца треба да следат настава преку Интернет, тој одговори дека доколку тие одат на училиште, вирусот ќе преживее уште долго време.

Она што јас лично го кажувам е нешто што се базира на нешто што е основа во тие ситуации. Ако не ги одделите оние што се заштитени од оние што не се, ќе имате природен тек, и ако е така, тогаш треба да се разбере дека вирусот ќе опстане долго време. Она што се случува во тој случај е создавање природен имунитет и тоа е нешто за што многумина ќе се залагаат. Но, дозволете ми да ви кажам веднаш, тоа е избор, односно бирате вирус. Родителот го избира вирусот за своето дете ако не го вакцинира, посочи Кон.

Тој додава дека токму затоа постои и силна препорака за вакцинација.

Она што е среќна околност, барем досега, е дека болеста е генерално полесна во таа помлада возраст. Меѓутоа, кај средношколците, и колку се поблиску до 18 -годишна возраст, се појавуваат сериозни, па дури и тешки форми, порачува Кон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This