КОРИСНИЦИТЕ НА ФЕЈСБУК ДЕНЕСКА ЌЕ ДОЗНААТ ДАЛИ ПОДАТОЦИТЕ ИМ БИЛЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на Фејсбук денеска ќе дознаат дали се наоѓаат меѓу 87-те милиони корисници чии лични податоци биле злоупотребени од компанијата „Кембриџ аналитика“.

Почнувајќи од 18 часот по македонско време, секој корисник ќе добие едно или две кратки известувања, со кои ќе биде информиран дали податоците му се злоупотребени.

Компанијата, исто така, кажа дека ќе ги информира корисниците кои апликации користат и кои приватни податоци тие собираат.

Повеќето од оштетените корисници, околу 70 милиони, се жители на САД, но „Кембриџ аналитика“ злоупотребила податоци и на огромен број Британци, Филипинци и Австралијци. Се верува дека се погодени над осум милиони државјани на Европска Унија.

Во меѓувреме, Фејсбук суспендираше уште една компанија за анализа на податоци, наречена „Кубеју“, која, исто така, се сомничи за комерцијална употреба на лични податоци.

Најновата акција на Фејсбук уследи само два дена пред најавеното сведочење на Марк Закерберг пред американскиот Конгрес во врска со скандалот со „Кембриџ аналитика“, која искористила лични податоци на милиони корисници за да влијае врз изборите во САД во 2016 година.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This