КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕП: Шефот на кабинет на градоначалник на Прилеп објави дека некој бара 5.000 евра за вработување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корупциски скандал ја зафати и општина Прилеп, откако шефот на кабинетот на градоначалникот, Илија Јовановски, преку социјалните мрежи пријави дека некој од вработените во општина Прилеп, односно Кривогаштани барале мито за вработување во некои од општиските претпријатија, администрацијата но и во МВР


Од 1.000 до 2.000 евра по вработување била тарифата за место во општинската админстрација или некое од јавните претпријатија, дознава „Инфомакс“

Тарифата за добивање на решение од МВР чинела 5.000 евра.

Тарифата важела и за луѓе од општина Кривогаштани, како што важела и за прилепчани.

Неколку лица поднеле пријави до ЈО со информации за коруптивниот скандал, но оттаму се уште нема никаква реакција.

Реагираше и пратеникот Антонио Милошоски, кој на својот ФБ профил побара одговорност за ваквиот скандал, но и соодветна реакција од јавното обвинителство.

„Шефот на кабинет на градоначалникот на Прилеп објави сознанија дека некои претставници од општината Кривогаштани, но и од Прилеп, земале мито\пари во замена за решение за вработување во МВР!
Доколку работи според прописите, овде има многу работа за Јавното обвинителство, за да ги заштити и законите и граѓаните од поткуп.
Среќна Нова (анти)корупциска година!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This