КОСАНА МАЗНЕВА ЗА „ИНФОМАКС“: Heвoзмoжно е да е регистрирано присуството на пратеник, а да нe е регистриран неговиот глас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински хаос се случуваше денес во Собранието, откако Талат Џафери го поништи првичното гласање на Законот за Јавно обвинителство кое го немаше потребното мнозинство на гласови, односно 74 пратеници беа „За“

Според објаснувањето на Џафери, се работи за проблем во системот кој не ги регистрирал гласовите на пратениците чии картички иако го регистрираа присуството, не го регистрираа гласот на пратениците.

Екс-пратеничката Косана Мазнева пак, за „Инфомакс“ тврди дека доколку системот веќе го забележал пратеникот како присутен, невозможно е да не го регистрира и неговиот глас. Според Мазнева, пратениците кои требало да го обезбедеат мнозинството, најверојатно воопшто не гласале од за ним познати причини, а потоа пријавиле дека гласовите не им се регистрирани.

– Од поранешното искуство како пратенико, речиси е невозможно системот да го регистрира прсуството на седница, а за гласање системот да не функционира. Многу поверојатно е одреден пратеник поради свои причини, само за него познати причини воопшто да не гласал и само да се повика на тоа дека е грешка во системот, вели Мазнева за „Инфомакс“.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак, на прес конференција објави дека нема да присуствува во пленарната сала за време на носењето на останатите закони, а го повикаа и Пендаровски да не го потпишува ЗЈО бидејќи е донесен спротивно на Устав, Закон и Деловник за работа на Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This