КОСОВО НАЗНАЧИ НОВ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА: Албанците во СДСМ незадоволни – не прифаќаат „фашист како Ѓерѓ Дедај“ за амбасадор на Косово во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Липково од СДСМ, Хади Османи, реагира на веста дека Ѓерг Дедај е назначен за амбасадор на Косово во Република Македонија.

„Во мултиетничка и рамноправна држава за сите граѓани, нема место за фашистите како Ѓерѓ Дедај. Мојата загриженост ќе му ја пренесам и на премиерот Зоран Заев и ќе побарам од него да не прифати амбасадор кој ги навредува заедниците што живеат во Македонија. Тој е фашист, расист, исламофоб … Тој е разрешен од функцијата за фашизам, не прифаќаме ѓубриња“, пишува Хади Османи од СДСМ, кандидат за градоначалник на Липково од СДСМ.

Косовскиот претседател Хашим Тачи го потпиша указот за именување на актуелниот заменик министер за надворешни работи Ѓерѓ Дедај за нов амбасадор на Косово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста на својата фејсбук-страница синоќа ја објави самиот Дедај.
„Во нова мисија, државна одговорност за Косово! Му благодарам на претседателот на Република Косово, Хашим Тачи за довербата и моето именување за амбасадор/шеф на Дипломатската мисија на Република Косово во Република Македонија“, напиша Дедај.

Веста за именувањето на контроверзниот дипломат за амбасадор во Македонија предизвика бројни негативни реакции во косовската јавност.

Пратениците од Групта 6+ во косовското Собрание минатата недела побараа од премиерот Рамуш Харадинај разрешување на Дедај од функцијата заменик министер, поради неговите навредливи изјави во однос на Република Турција.

„Дедај, со неговите понижувачки изјави, со кои предизвикува раздор, ја навреди турската заедница во Косово“, пишува во писмото на пратениците од помалите етнички заедници, кои се дел од владејачката коалиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This