КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДТЕЛ ТАЧИ: Република Косово се радува на оваа многу важна одлука на нашата соседна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот претседател Хашим Тачи се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по синоќешното гласање во македонското Собрание порачувајќи дека Република Косово се радува на оваа многу важна одлука.

-Македонија го избра патот на евроатланската интеграција и направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот наш регион. Македонскиот парламент синоќа даде пример за обединување на сите партии за доброто на граѓаните и нивната држава. Државата се зајакнува и интегрира кога народните избраници ги носат вистинските одлуки и ги надминуваат политичките интереси за државните интереси. Република Косово се радува на оваа многу важна одлука на нашата соседна држава. Мирот и стабилноста во регионот се зајакнуваат само со докажување на определбата во евро-атлантската ориентација и со напорно работење за интеграцијата во европското семејство, напиша Тачи на неговиот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This