Косовско или албанско прашање?: „Двете земји со еден народ“ заеднички во дијалогот меѓу Приштина и Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот претседател Илир Мета на денешната средба со спикерот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца, ја изрази поддршката на Албанија за дијалогот Косово-Србија, за нормализирање на односите меѓу двете земји и ја истакна потребата постигнатите договори да не останат само на хартија, туку да почнат да се спроведуваат.

– Многу е важно сите политички сили на Косово да бидат обединети околу сеопфатната платформа во овој процес. Охрабрувам тесна соработка со стратешките партнери, кои одиграа клучна улога во независноста на Косово и неговата меѓународна афирмација, истакна Илир Мета

Коњуфца од своја страна рекол дека е „време за заедничка политика“.

– Досега имаме само соработка на ниво на добри соседи, но мислам дека соработката треба да се подигне на друго ниво, а тоа е соработка меѓу две земји со еден народ. Со поделени, фрагментирани гласови доживеавме само штета, и двете наши држави. Косово се соочува со напорите на Србија, кои на крај имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да создадат српски територијален ентитет во рамки на Косово, контролиран од Белград, нагласи Коњуфца.

Овој став тој го искажал и на средбата со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, за кого, пак, приортет останува продолжување на меѓународното признавање, членството на Косово во меѓународните институции и успешното завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија што подразбира взаемно признавање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This