Ќе има ли kpивична приjaва за cyдијата пopoтник во Талир 1 и 2?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите соопшти дека под голем притисок е судијата поротник Митко Сандев судија поротоник во два големи случаи кои се водат против партијата, Талир 1 и Талир 2.

На 1 ноември 2018-та година, Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за замрзнување на имот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и зградата каде што е седиштето на партијата.

Специјалното јавно обвинителство тогаш соопшти дека по негово барање судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесол решение „со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на ВМРО-ДПМНЕ“.

Со таа мерка се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и зградата каде што се наоѓа седиштето на опозициската партија. Тоа значи забрана за отуѓување на конкретниот имот и давање под закуп на истиот.

Toкму судијата Сандев е судијата поротник кој го замрзна имотот на партијата.

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат како последица на случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ во кои Митко Сандев е судија поротник во двата случаи, кој со наполнети 60 години треба да оди во пензија, но од авторитетите во судот му е наложено да остане и да не се пензионира, за да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, тврди Мицкоски.

Веќе наредната година по замрзнувањето на имотот на партијата Мицкоски откри дека Катица Јанева го уценувала за да го одмрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас јавно го повикав јавниот обвинител да ме повика да посведочам бидејќи бев предмет на уцена од страна на Катица Јанева кога таа бараше од мене да го поддржам Законот за јавно обвинителство, а сѐ со цел да го одмрзне имотот на партијата, кој што како нелегален тужител го замрзна, а судот под притисок на СДСМ и Обвинителството го потврди тоа барање, изјави тогаш Мицкоски.

Митко Сандев е судија поротник во Талир 1 и 2, но дел е и од органите на Партијата на пензионерите коалиционен партнер на СДСМ. Сандев неодамна наполнил 60 години.

Инфомакс го контактираше судијата Сандев кого директно го запрашавме дали е мета на притисоци и зошто не е во пензија со оглед на фактот што ги исполнува законските критериуми и одлуките на Уставниот суд.

Тој накратко ни одговори дека има 60, а не 64 години и дека не сака да коментира понатаму по што ја спушти слушалката.

Но очигледно судијата Сандев не е запознаен со одлуките на Уставниот суд кој уште во 2007 година има донесено одлука со која судиите поротници со навршени 60 годони одат во пензија.

– Судот на седницата утврди дека согласно член 48 став 1 од Законот за судовите, за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите, на судијата-поротник му престанува функцијата со навршување на 60 години старост, стои во објавата на одлуката на Уставниот суд, објавена на 14 март 2007 година.

Судијата поротник Сандев се соочува со кривична пријава по член 353, злоупотреба на службена положба и овластувања со оглед на тоа што ја злоупотребува негова функција иако Уставниот суд јасно налага дека со навршување на 60 години на судијата поротни му завршува и мандатот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This