КОСТАДИНОВ: Траат преговорите со Беса, очекува до моментот на гласање да биде обезбедено двотретинското мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ очекува  дека до моментот на гласањето за последната трета фаза од уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа ќе биде обезбедено двотретинското мнозинство што е потребно за финализирање на процесот.

Ова го изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред е третата фаза од уставните измени. Додаде дека траат преговорите со БЕСА околу нивните барања во врска со уставните измени.

-Очекуваме нашите колеги и сите ние да се издигнеме над партиските интереси и конечно Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО, рече Костадинов.

Не посочи кога ќе се случи гласањето, нагласувајќи дека според деловничките можности пратениците имаат право на дискусија, најпрво да се отвори дискусијата, да се согледа колку пратеници ќе се пријават за дискусија, а потоа ќе дојде ред за гласањето.

На прашањето каде е најголемиот проблем во преговорите меѓу БЕСА и Заев и што е неприфатливо за СДСМ, Костадинов рече разговорите се во тек и оти се очекува да се постигне договор.  Негов личен став е дека со уставниот закон е прецизирано македонско државјанство/граѓани на Република Северна Македонија и оттука, вели тој, не станува збор за етничка припадност и етничка определба на граѓаните.

-Во таа смисла, сметам дека нема потреба од уставни измени во таа насока, додаде Костадинов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This