КОСТА „ФЕЈК“ КОСТАДИНОВ: Полицајците кои го легитимирале Арсовски, го демантираа Коста Костадинов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна синоќа портпаролот на СДСМ Костандин Костандинов, базирајчи на вест од еден портал го обвини неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски дека бил застанат од страна на полициски службеници на пункт во Струмица за време на полициски час и дека истиот не поседувал дозвола и наводно му се заканувал на полицајците.

Оваа информација експресно ја демантираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој појасни дека поседуваше соодветна дозвола за движење за време на полициски час и дека во Струмица бил заради работни обврски. Тој исто така додаде дека немало никакви закани од негова страна кон полициските службеници, туку напротив тие беа прилично фини и откако проверија дека ги носи сите соодветни дозволи за движење го пуштија да се врати во Скопје каде и беше тргнат.

Дека немало никакви закани од страна на Арсовски, денеска потврди и претседателот на Полицискиот независен синдикат во Струмица. Тој преку соопштение кажа дека разговарал со полициските слубеници кои биле на пунктот и дека истите му потврдија дека Арсовски ги поседувал сите соодветни документи за движење и целосно ги демантираат информациите кои беа пласирани преку порталот Мактел.

„Синоќа од страна на еден портал беше објавено дека потпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски бил запрен на пункт на излез од Струмица,немал дозвола за движење во полициски час и истиот им се заканувал. Разговарано е со колегите кои беа на местото на настанот по што истите ја негираат објавата на порталот и за уредноста имат изготвено службен материјал. Ние како синдикат бараме полициските службеници да не се злоупотребуваат како алатка за валкани политички игри.Независниот полициски синдикат упатува порака до сите медиуми да ги проверуват веродостојноста на информациите што ги објавуваат во врска со полицијата бидејќи со тоа го нарушуваат нашето достоинство,реагираше претседателот на Независен Полициски Синдикат Струмица, Миле Милески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This