КРИВИ БИЛЕ МУСЛИМАНИТЕ: Караџовски и Комисијата за заразни болести причината за новиот пик ја гледаат во ифтарските вечери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да ве потсетам епидемиолошки дека бројките 62, 82 и 100 не се на дента на Рамазан Бајрам туку се на деновите наназад што биле за што ве учев неколку пати. Инкубацијата на овој вирус е од 1 до 14 дена. Просечно 5,7 дена. Овие бројки се однесуваат на 7 до 10 дена наназад кога имавме непочитување на овие мерки, истакна Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија. Според него причината за новиот пик на заразени се ифтарските вечери и верските прослави за Рамазан Бајрам. Караџовски потенцира дека новиот пик исклучиво се должи на непочитувањето на превентивните мерки на Комисијата за заразни болести и министерството за здравство.

-Она што се случи после 26 мај исклучиво соогласно епидемиолошките анкети што сме ги направиле се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки кои што ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за задравство, а тоа се носење на заштитна маска, спречување на групирање на повеќе од две лица. Што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазан Бајрам и ифтарските вечери кои што се случуваа во тој период. Како што гледаме од тој период бројот на заболени почна да се зголемува, вели Караџовски.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски соопшти дека во 12 градови и општини има вкупно 97,5 од сите активни случаи, односно дека проблем се всушност пет градови, каде има најголем број на умрени и морталитет, со 7,4 проценти на 100 000 граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This