Костовски бapa ocтaвкa oд Aнтикopyпциcкa: Moлкoт гo cфaќaм кaкo aминyвaњe нa opгaнизиpaниoт kpиминaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трифун Костовски бара оставка од членовите на Антикорупциска комисија, поради непокренување предмет за стечајот на Еуростандард банка.

-Денеска изминуваат точно седум месеци од носењето во стечај на Еуростандард банка. Не можам да разберам да со таква леснотија ги маргинализирате моите повици дека се работи за организиран криминал со носењето на Еуростандард банка во стечај, каде се оштетени многу правни и физички лица, вклучително и ние акционерите. Вие како тело задолжено да се занимавате со вакви проблеми, па дури и како повод може да биде допрен глас, до денес не отворивте ниту предмет, ниту покажавте интерес за решавање или следење на овој мега скандал кој порано или покасно ќе пукне, наведува Костовски.

Тој додава дека местото на Антикорупциска е точно на браникот да ја преземе истрагата и да застане во одбрана на сите оштетени од овој стечај.

Според него, молкот од страна на Антикорупциска го сфаќа како аминување на организираниот криминал.

-Не заборавајте, вие сте платени со наши пари и должни сте да го браните нашиот интерес. Сервилноста на политичките структури не е во ваш интерес, а уште помалку во интерес на граѓаните. Ако не умеете да се справите со овој предизвик, тогаш јас барам оставка од сите членови на Антикорупциската Комисија, порачува Костовски.

Во дописот до медиумите наведува дека чувството дека Народна банка е недопирлива е страшно.

– Гоните организиран криминал и корупција, а ги заобиколувате институциите кои во основа се центар на ова општествено зло, вели Костовски.

Утрово соопштение до медиумите доставија и од Здружението на оштетени штедачи, наведувајќи пример за земен кредит, како што велат тие, на вересија.

Такви случаи, според нив, во ограбената Еуростандард банка има многу.

-Интересни имиња, некои познати ликови, шоумени, бизнисмени, аналитичари, адвокати, браќа и сестри на високи функционери во државава, разни манипулатори и измамници. Имаме што да кажеме и да покажеме, велат од Здружението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This