Костов: ВМРО-ДПМНЕ имаат добро осмислена концептуална кампања каде македонскиот конзервативизам, семејството, е во прв план

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сотир Костов, во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, зборувајќи за кампањата за претстојните локални избори, истакна дека за разлика од другите партии, ВМРО-ДПМНЕ и Колалицијата се истакнува со стил, идеја, креативност, иноватиност.

„Дај да видиме тон на кампања, дај да видиме стил на кампања, дај да видиме има ли идеја, креатива, нешто иновативно.., Е тоа, јас да бидам искрен, многу малку го гледам, ама сепак го гледам. Она што јас го забележав, на две нивоа. Ќе го кажам прво позитивното, на врвот на сантата мраз што се гледа и гледам еден изборен, идеен, креативен концепт во презентирашето на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на независниот кандидат Данела поддржана од оваа коалиција. Ги гледам видеата како се направени. Ја гледам прво идејната рамка, ја гледам содржајната рамка, ја гледам логичната рамка. Кога ќе видам која содржина, која вредност се става на преден план, кога ќе видам кој принцип е застапен и кога ќе видам како наратори се самите кандидати, а некој добар презентер од телевизија.. Не, самите кандидати се претставуваат, и се различни. „Јас сум еден од вас“, „Мене Кисела Вода ми е повеќе од дом“.. Еве ја идеологијата, конзервативци, тоа е македонскиот конзерватизам, семејството е на преден план. Па после сѐ друго, училиштето, сѐ друго. Па др Аце ќе каже јас сум тимски играч, јас им помагам на луѓето, тоа ми е во природата (Ѓорче Петров). Ајде со нови проекти да одиме кон подобра иднина. Кога ќе ги видам тие работи, гледам концептуална кампања и еве плус“, изјави Костов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This