Костов: Нашите единици за локална управа се банkpoтирани, eдинаесет општини се со блokирани сметки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Сотир Костов, во денешното издание на „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, коментирајќи ги кандидатите за градоначалници на СДСМ за претстојните локални изброри, посочи дека владеачката партија нема кадрова политика, и со актуелните кандидатиработи едонствено на сопствена штета. Костов наброја неколку од актуелните градоначалници кои ќе се кандидираат за уште еден мандат и покрај тоа што имале судир со законите, а дел од нив имаат и осудителна пресуда.

Тој посочи и на лошата состојба во која се наоѓаат општините управувани од кадар на СДСМ, како Сарај, Струга, Тетово, во однос на задолженоста, дивоградбите, управувањето со водените ресурси, загаденоста, депонииите, но и недомакинското работење, откривајќи дека општините во Македонија се банкротирани. Како што изјави Костов, 35 општини не ги менуваат градоначалниците, Скопје, Охрид, Бутел Кисела Вида, Штип, Гази Баба, Петровец, Тетово..

„Сите тие се најголемите должници. Нашите единици на локална самоуправа се банкротирани. Единаесет општини со блокирани сметки. Сите општини работат со негатива, непријавуваат финансиска несигурност, т.е. нестабилност како што вели законот. Не пријавуваат кај министерстовот за финансии, кај министерството за локална самоуправа, ИЗЕЛС, финансовата полиција, односно инспекција, како што вели законот. Ете ти ги четирите субјекти кои што имаат вина зошто недомаќински се работи во општините“, изјави Костов.

Костов потсети на децентрализацијата во 2004/2005.

„Точно кажувавме што е децентрализацијата, каде точно кажувавме што е, и каква треба да биде граѓанската партиципација, но, некој ја извитопери и единиците на локална самоуправа, општините и Град Скопје ни ги партизираа и еве ти невидена задолженост. 11,2 милиони е задолжено Тетово, 9,8 милиони е Охрид..

Костов додаде дека Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, е единствениот градоначалник кој ја одблокира блокираната сметка.

„Тој се покажал за кумановчани, ја одблокирал сметката, домаќински работел, знаеме се судри таму со кој се судри и еве го, не чинел, не го поддржаа“, изјави Костов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This