Царовска на состанок со директори на средни училишта: Учениците ќе се вратат во училишните клупи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Задоволна сум што оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да обезбедиме квалитетна настава за учениците и при тоа да го заштитиме нивното, а со тоа и да придонесеме кон заштита на јавното здравје, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на редовен координативен состанок со директорите на средните училишта во државата.

На состанокот, како што информираа од МОН, се разговарало за финалните подготовки со цел успешен старт на учебната година, која согласно одлука на Владата, а на предлог на МОН и на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, ќе започне на 1 септември со настава со физичко присуство на учениците.
– За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница. Така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој, рече Царовска.
Директорите на средните училишта изразиле благодарност до Министерството за образование и наука за континуираната поддршка во процесот на планирање и организација на новата учебна година, која повторно се организира во услови на пандемија, но како што рекоа, планот и протоколите се добро конципирани и навремено доставени до раководствата, за да се преземат сите неопходни мерки за безбедна настава и за намалување на ризикот од можноста училиштата да станат трансмитери на заразата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This