КОСТОВ: Свикувањето на Собранието е против уставно решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на “Само интервју” гостуваше Сотир Костов кој се осврна и зборуваше за предлогот за активирање на екс пратеничкиот состав.

Костов истакна дека во моменти кога државата се справува со пандемија предизвикана од коронавирус, несериозен чекор би било активирањето на парламентарниот состав кој веќе го предаде мандатот кај народот.

“Сите ресурси се насочени кон справување со ситуацијата која во моментот е примарна, а тоа е пандемијата предизвикана од коронавирусот. Влегување во нов хаос и експериментирање во ваков периор може само да доведе до нови проблеми”, вели Костов.

Според Костов потегот за свикување на Собранието на Република Македонија во ваков момент е неуставен чин и тоа не треба да се случи. Костов додаде дека и претседателот Пендаровски треба добро да размисли дали вакви потези треба да се повлечат кога ни малку не се потребни и ќе придонесат за раздлабочување на кризата.

Ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија не смее да се користи за протнување на неуставни работи, иако за жал во изминатите неколку години бевме сведоци на такви моменти, заврши Костов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This