МИЦКОСКИ СО КОМЕНТАР ЗА ФИЛИПЧЕ: Вчера ја отkaжа прес конференцијата затоа што медиумите одлучиле да не го пренесуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „360 степени“ на Алсат Телевизија лидерот на најголемата политичка партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде коментар за министерот за здравство Венко Филипче дека министерот во текот на вчерашниот ден ја откажал прес конференцијата само затоа што медиумите одлучиле да не го пренесуваат и затоа Мицкоски смета дека се досега било замо за пиар.

-Ќе ви дадам еден пример каде можеби Филипче ја направи клучната грeшка, во текот на вчерашниот ден имаше обраќање кое што го откажа поради тоа што медиумите не го пренсуваа. Дали неговите обраќања до сега беа само затоа што медиумите го пренесуваа или затоа што се грижи за здравјето како ресорен министер -истакна Мицкоски.

Во понатамошната дискусија Мицкоски истакна дека доколку медиумите не го пренесуваат поради причини кои што ним и се познати сепак имаме јутјуб канали, имаме фејзбук канали имаме и други начини на комуникација доколку навистина Филипче се грижи за здравјето на граѓаните ќе пронајдел начин како тоа да го направи.

-Жалам што ја испушти таа шанса вчера и покажа и потврди за сите оние сомнежи кои што многумина ги имаа дека сето ова е само насока на неговите квалитетни или некавалитетни пиар служби-заклучи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This