КОТЛАР: БАН думала, ама не додумала…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Читам, БАН думала, ама не додумала, а би требало, сепак има и одреден статус и број на думачи, па смислила (Еурека…!) едно хумористично, а сепак, официјално мислење за „официјалниот јазик на Република С… Македонија“ карактеризирајќи го како „регионална норма на бугарскиот јазик“. СПОЛАЈ му на БОГА, што се однесува на Северната и на нејзината власт!

Што се однесува до Македонците, тие го прогласија македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава на Првото заседание на АСНОМ (2.8.1944 г. во екот на антифашистичката борба) имајќи го во предвид историскиот òд, развој и континуитет на македонскиот народен јазик. Ова пак е основата за кодификацијата на македонскиот јазик (1945). Јас не би умувала повеќе, бидејќи најдобро за ова прашање има напишано уште во 1940 г. неповторливиот Коста (Кочо) Солев Рацин (1908-1943). Нашиот поет, есеист, публицист, истражувач, оштествено-политички деец, борец и пред сè Македонец. Меѓу другото, тој вели: „Јазикот – тоа е голема сила на народот, на нацијата. Да му го земеш јазикот, тоа значи да му ја земеш душата, да го лишиш од неговиот национален персоналитет. И таа забрана овде (во Кралството Југославија, б.н.) и иста таква забрана во „бугарска Македонија, и во Грција – тоа е сè борба за душата на македонскиот народ, но не за тоа таа да се развие, туку да се уништи. И тука има едно фантастично совпаѓање: трите балкански буржоазии се единствени во нешто – во тоа да се одрече, а потоа да се уништи македонскиот јазик за да се избрише македонскиот народ како национална индивидуалност…Ете и историјата сакаат да ни ја скријат, да ни ја земат, за да ни ја земат душата, за да докажат дека сме племе без историски континуитет. Народ кој нема свое вчера, кој нема свое денес, не може да има ни свое национално утре. Ете, нашето вчера треба да исчезне за да се стопи нашето денес и за да се избрише секоја мисла за нашето утре. А континуитетот постои – континуитет на маки и страдања, но и континуитет на отпори, борби и еден чудовишен континуитет на национална отпорност и на народна жилавост. [Кирил Миљовски, Со Кочо за македонскиот јазик, нација, историја, Кочо Солев Рацин. Избрани дела, Сеќавања на современиците, Избор, редакција и предговор Перо Коробар, Скопје, 1987, 150, 152.] Јас само дадов краток историски осврт, а научната расправа за македонскиот јазикот им ја препуштам на научниците–лингвисти и македонисти!

ФБ статус на професорката Наташа Котлар.

 

Читам, БАН думала, ама не додумала, а би требало, сепак има и одреден статус и број на думачи, па смислила (Еурека…!)…

Posted by Natasa Kotlar on Wednesday, December 11, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This