КОТЛАР: Зошто до сега нема бугарско-грчки или бугарско-романски договор за заедничка историја, а се инсистира на бугарско-македонски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Европската Унија е примерот и стандардите кон кои ние се стремиме, зошто до сега не се инсистираше на бугарско-грчки или бугарско -романски договори за заедничка историја, како што Македонија е условена, прашува јавно историчарката и универзитетски професор Наташа Котлар Трајкова.

– Можеме да се пазариме за компири и за боранија, ама за историски ликови, за историска наука, за историски дејности, апсолутно не, вели во интервју за Алфа телевизија историчарката Наташа Котлар Трајкова. Историја создава народ, оттука тие отстапки ги гледам или како намерно или ненамерно, но во секој случај, во позадината стои едно големо непознавање. Ако ја познаваме историјата на македонскиот народ, би требало да бидеме многу внимателни, од аспект на тоа што тоа засега во надворешната политика, но и во внатрешната политика, вели за Алфа Котлар Трајкова. Согласувањето на македонската страна во договорот да стои дека историјата со Бугарија ни е заедничка, без да се објасни што точно тоа значи, е тенкиот лед на кој одвај би можеле да се задржат нашите позиции.

-Не можете да внесете во текст заедничка историја, а притоа да не го објасните што треба сето тоа да содржи, или што тоа треба да значи. Или пак еве поедноставно ако треба да кажам, ние целиме кон ЕУ, зошто пред тоа не беа постигнати такви договори во ЕУ. На пример бугарско грчки договор, или бугарско романски договор, или бугарско- унгарско договор, за да ги знаеме ние примерите на што се однесува заедничката историја, бидејќи историја е една, единствена, создадена од еден народ. Политичарите и политичката номенклатура може само да црпи информации од сферата на науката. Затоа што ако си го дозволиме обратниот начин, политиката да соопштува на науката, ние веќе не сме држава, ние немаме веќе државни институции, тие државни институции треба да го покажат патот кон каде треба да се движиме, изјави Котлар Трајкова.

Власта никогаш не го консултираше Институтот за национална историја ниту кога се правеше т.н. добрососедски договор со Софија, ниту сега кога проблемите со источниот сосед ни се сведоа на апсолутна блокада од таа страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This