Котлар: Ние имаме сериозна намера да внесеме peволyционерни промени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние имаме сериозна намера да внесеме револуционерни промени затоа еден од позначајните проекти од програмата е формирањето на иновативен парк за младите, изјави Наташа Котлар кандидатката за градоначалничка на Општина Центар на вечерашниот митинг.

Таа истакна дека Општина Центар треба да биде баланс на она што претставува луѓе, простор и современо живеење. И затоа еден од позначајните проекти од програмата е проектот за формирање иновативен парк за младите. Тие се во нашиот фокус, затоа имаме низа на проекти кои што се однесуваат токму на нив. Исто така имаме проект кој што се однесува на подготовка на студија за пронаоѓање на причинителите за загадувањето, пред се во општината но и поврзано со градот.

Кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Наташа Котлар наведе дел од проектите кои што се во нејзината програма а тоа се:

-Проект за формирање иновативен парк за млади
-Проект на студија за пронаоѓање на причинителите за загадувањето
-Субвенции за енергетско ефикасни фасади
-Изградба на современи гаражи
-Реконструкција на станбени згради
-Систем за отпад на водите и собирање на отпад

Таа додаде дека исто така имаме низа на субвенции за енергетско ефикасни фасади, како индивидуални згради, куќи, и реконструкција на станбени згади, систем на отпад на водите, собирање на отпад, изградба на современи гаражи, и многу други што се однесуваат до спортот и културата а особено на младите.

Ние имаме сериозна намера да внесеме револуционерни промени, а тие промени ни се потребни за да ги реализираме нашите проекти, а нашите проекти ќе бидат резултат на нашата победа, потенцираше Котлар.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This