Кочо Анѓушев се врати во финасии, неговите фирми пак „лапнаа“ државни пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот вицепремиер за економски прашања очигледно не се откажал од политиката и креирањето политики со народните пари. Имено вчера во повеќе медиуми се раширија шпекулации дека тој е дел од советодавно тело на министерството за финансии. Денеска Инфомакс доби потврда и од министерството за финансии дека екс вицепремиерот е дел од Советот за фискални мерки за Ковид 19.

-Во советот членуваат претставници на експертската јавност, на бизнис заедницата, поранешни и сегашни функционери со искуство во областа. Во советот се поранешниот вицепремиер за економски прашања Анѓушев кој има големо искуство во бизнис сферата и економијата, Никица Мојсовска директорката на Македонија 2025, дополнителната заменик министерка за финансии Кочоска, поранешниот министер за финансии Славески, повеќе универзитетски професори итн, велат од министерството.

Од министертвото дополнително ни објаснија дека Советот за фискални мерки за справување со економските последици од Covid-19 е основан од почетокот на кризата и целта на овој совет не е да носи мерки, туку да понуди инклузивност и размена на искуства. Значи, овој совет не носи мерки, ниту уредби, ниту предлага уредби и мерки до владата.

Сепак она што најмногу ја разбранува македонската јавност беше фактот што Анѓушев со неговата фирма Брако зема 106.000 евра државна помош за само еден месец, иако остварува милионски добивки.

Податоците на отворени финансии велат дека Брако покрај помошта добила и 140 илјади евра од државата, преку Министерството за здравство. Овие пари се исплатени за набавка, изработка и монтажа на мобилната болница до Инфективната клиника.

Бранимир Јовановиќ, кој своевремено беше и советник на министерот за финансии Драган Тевдовски на Фејсбук жестоко реагираше на помошта за фирмите на Анѓупев

Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии.

Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра.

Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.

Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде, пишува Јовановиќ.

Во однос на паричната помош која Брако ја доби од државата од министерството за финансии ни одговорија дека мерките важат подеднакво за сите и дека нема простор за селективност во исплатата.

-Што се однесува до користењето на мерките од страна на компаниите – мерката важи еднакво за сите и нема простор за било каква селективност во истата. Целта на мерката е да се задржат работните места и да се помогне на компаниите кои се соочуваат со ликвидносни проблеми. Секоја компанија која ги исполнува предвидените критериуми, меѓу кои да има поголем пад на приходите од 30% во месецот во кој аплицира има право да ја добие финансиската поддршка за оние вработени за кои ги исполнува условите. Наша цел е со мерката да го заштитиме секое работно место. Не смееме да биде селективни. Мерката за финансика поддршка на работодавачите од 14.500 денари по вработен има за цел да задржи работни места – и во големи и во мали фирми, бидејќи ризикот во ваква криза за губење на работните места постои кај сите. Ова не е мерка за богатење. За плати над 39.900 денари, односно една и пол месечна плата, не се исплаќа финансиска помош. Понатаму токму за да се направи дистинкција помеќу големите и малите фирми – големите фирми ќе ја враќаат помошта, малите фирми – не мораат да ја враќаат. Сметаме дека концептот – секое работно место, треба да се сфати буквално: дека секое работно место е важно и дека не треба да се има селективност дали работникот работи во голема или мала компанија, бидејќи подеднако за него тоа е единствен извор на егзисетнција, а како што кажува и самата уредба поддршката се дава за да се помогне да се исплатат платите – значи средствата преку компанијата одат до работниците, велат од министерството.

Богатството на Кочо Анѓушев тежи околу 28 милиони евра. Неговиот Анкетен лист до неодамна беше и јавно достапен, а од него јавноста разбра дека семејството Анѓушеви поседуваат станови во Скопје и Белград и куќа на Халкидики во Грција која има вредност од 250.000 евра.

Од недвижниот имот во Скопје, поседуваат една куќа и пет станови во центарот на Скопје.

На име на Анѓушев се две луксузни возила – марка „масерати“ и „порше“ во вкупна вредност од 120.000 евра.

Во негова сопственост се уметнички слики и скулптури, дваесет на број во вредност од 105.000 евра, четири рачни часовници од брендовите „ролекс“, „омега“ и „картие“, златен накит и моторен чамец.

Се поставува прашањето дали на Анѓушев навистина му била потребна помош од државата?!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This