КОЧО АНЃУШЕВ СИ САМОДОДЕЛИЛ ТЕНДЕР: „Брако“ од Велес доби тендер вреден два милиони денари за заштитни мрежи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирмата „Брако“ од Велес, каде ко-сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев доби тендер од државата. За речиси 37 илјади евра компанијата треба да испорача мрежа за заштита од одрони на патишта за државната „Македонија пат“. Договорот е склучен на 9-ти минатиот месец. На тендерот кој го распиша претпријатието кое се грижи за патиштата низ земјава се пријавиле три компании. Сепак најефтина била понудата на Брако, открива Алсат телевизија.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев подолг период е во фокусот на јавноста. Причината е одлуката, фирми каде има удел, да аплицираат за парична помош преку различни фондови. Алсат М пред една недела објави дека фирмата Брако од Велес и Кастивест, фирми каде ко- сопственик е Анѓушев, се на пат да добијат пари од Агенцијата за странски инвестиции. Евалуацијата на компаниите ја правела владина комисија на чело со Софче Јовановска која му е шефица на кабинетот, објави телевизија.

Откако Алсат М обелодени дека фирми кои се поврзани со Анѓушев се позитивно оценети заедно со уште стотина фирми кои аплицираа за пари од Агеницијата за странски инвестиции, Анѓушев одлучи да ги повлече фирмите од потенцијални добитници на државна парична помош.

-Иако вицепремиерот ретерираше, изминативе денови упорно убедуваше дека нема конфликт на интереси што фирми каде има сопственички дел, аплицираат, ги поминуваат филтрите и се пред добивање пари од државата иако самиот тој е на висока владина позиција. Анѓушев вчера најави дека во иднина компании поврзани со него, нема да аплицираат за финансиска поддршка од државни институции. Инаку, за добиениот тендер од „Македонија пат“, фирмата Брако треба да испорача 14.360 метри квадратни заштитна мрежа, а еден метар квадратен чини 133 денари, објави Алсат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This