Која ќе биде новата железна дама: Тереза ​​Меј, Могерини и Грабар-Китаровиќ кандидати за генерален секретар на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партнерите во НАТО веќе размислуваат кој ќе го замени Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во 2022 година, неофицијално потврдија извори на НАТО во Брисел, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“. Според весникот изворите не можеле да потврдат дека за функцијата шест кандидати и дека сите се жени.

„Ел Паис“ наведува дека меѓу кандидатите се поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј, поранешната шефица за безбедност и надворешни работи на Европската унија Федерика Могерини и германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Мадридскиот весник додава дека постои големо убедување меѓу партнерите во Алијансата дека по 73 години, една жена треба да ја преземе водечката позиција во западната воено-политичка алијанса и дополнува дека „уште три кандидатки се од Источна Европа“. Според весникот, тоа се поранешната претседателка на Литванија Далиа Грибаускајте, претседателката на Естонија Керсти Калjулаи и поранешната претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ.

Новата личност на чело на НАТО ќе биде избрана следната година на самитот во Мадрид, а заеднички став на атланските сојузници е дека таа мора да биде „искусен Европеец, односно Европејка“ во политичките и геополитичките работи.

Шпанскиот весник вели дека Тереза ​​Меј веќе е неофицијален кандидат, дека нејзината предност е што има важно искуство како премиер, но некои партнери од НАТО сметаат дека не е поволен факт што Велика Британија повеќе не е членка на Европската унија , што може да предизвика недоразбирања.во време кога ЕУ сака да развие заедничка одбранбена и безбедносна политика, на што се противеше Велика Британија додека беше членка на ЕУ.

„Во игра е и името на Федерика Могерини, на која не и одат во прилог критиките за надворешната политика на ЕУ“, посочува Паис, истакнувајќи дека за Анегрет Крамп-Каренбауер, проблем претставува фактот дека Европската комисија исто така е предводен од Германка – Урсула фон дер Лејен.

Мадридскиот весник посочува дека „иако улогата на генералниот секретар може да изгледа од второстепена важност во организација во која сите одлуки се донесуваат со неопходната едногласност и неприкосновена превласт на САД, која не е доведена во прашање, таа личност сепак има клучна улога во одредување на кој и како ќе води дискусисија“, пренесува Бета.

На самитот во Мадрид следната година, треба да се усвои нова стратегија на НАТО, во која Кина се портретира како главен ривал, ако не и непријател.

И тоа е, како што објаснува Паис, „нов концепт за следната деценија, во кој е вградена Визија од 360 степени, со што се заменува претходниот концепт на одбрана фокусиран речиси исклучиво на Русија и воведува повеќекратни цели за борба против опасностите од воените и терористички, до економски, технолошки, еколошки, кои се закануваат од универзумот и кибер-просторот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This