КОЈ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА КРИМИНАЛЦИ?: Заев за Боро „Малборо“ бара условна казна или затвор од шест месеци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Устата на Заев е полна со обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија на криминалот од моментот кога Мицкоски јавно и обзнани на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ припрема закон за амнестија на уставобранителите инволвирани во настаните од 27 април. Но до нашата редакција пристигнаа информации дека всушност Заев е оној кој припрема амнестија на криминалците во своите редови.

Имено на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев попознат како ,,Боро Малборо” име кое го стекна поради неговите активностите поврзани со шверцот на цигари сега му се заканува долгогодишна затворска казна. Според информациите кои пристигнаа до нашата редакција Зоран Заев ја користи својата позиција како премиер да изврши притисок врз судот и да го спаси својот долгогодишен пријател и сопартиец од затвор. Заев врши притисок врз судот, Стојчев да добие условна казна или пак затворска казна од најмногу шест месеци.

Притисокот Заев го врши преку својот пријател, кој тој го имаше поставено за директор на струмичкото Комунално претпријатие, Зоран Ѓорѓиев чија сопруга Лорета Ѓорѓиева е судијката која го води предметот на Стојчев во судот во Струмица, а за следната недела се очекува најсрамната пресуда во струмичкото судство.

Притисок за намалување на казната на обвинетите во случајот врши и Блажо Стојанов кандидат за европратеник, татко на уапсениот Горан Стојанов кој работи во Швајцарија и токму поради тоа сега во игра се многу пари, а се со цел пресудата да биде минимална.

Според нашите информации од теренот, ниту партиски ништо не е сменето во Општинската Организација на СДСМ во Ново Село, за претседател на ОО е назначен десната рака на градоначалникот, Игор Пертемов.

Делото меѓу другото е преквалификувано од Став 3, во Став 2 за криумчарење според Кривичниот Законик со цел да се намали предвидената затворска казна, која според Став 3 од законот треба да изнесува од 4 до 20 години, туку од 6 месеци до 5 години затвор. Манипулација има и со вештачењето каде не е пресметана акциза, ддв-ти и персоналниот данок на вредност. Обвинението пак намерно на сите е одредено според Членот 22 од Кривичниот Законик за соизвршителство за да нема организатор на групата ,туку да има поделена одговорност. Реалноста е дека станува збор злосторничко здружување правно гледано, бидејќи пет лица беа фатени како го извршуваат делото на лице место, а случајот мораше да го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје. Претходните пресуди велат дека за вакво дело, каде се тројца фатени при извршување на делото и за многу помалку цигари имаме затворски казни од 8 , 10 и 12 години затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This