КОЈ ВЕ ЛАЖЕШЕ СО ДЕМОКРАТИЈА: Запрено одржувањето на референдумите за мигранти, странците не фермаат жива сила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу денес го запре одржувањето на локалните референдуми против населување и интеграција на мигранти на територијата на општините кои донесоа таква одлука на барање на граѓаните, со што највисокиот израз на демократската волја на народот е фрлена во канта за отпадоци

 

Освен ова, до уставниот суд е поднесена и инцијатива за оценување на уставноста на референдумите, со цел во целост да се поништат, а владата на Заев по диктат на западните сили да го спроведе планот за населување на мигранти во Македонија.

Владата на Република Македонија заради суспензија на неопределено време на правото на референдум на граѓаните во општините Кочани, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Велес, Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба, Охрид, Карпош и Ѓорче Петров, затоа што државниот инспектор за локална самоуправа сметал дека општините според членот 22 од Законот за локалнасамоуправа немаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа, што е потврда дека Владата подготвува населување и интеграција на мигранти на територијата на Република Македонија спротивно на волјата на нејзините државјани!

Реагираа и од Светскиот Македонски Конгрес:

 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува решенијата на државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу за запирање на примената на одлуките за одржување на локални референдуми за населување и интеграција на мигранти на територија на општините на денот на локалните избори, 15 октомври, како и за поднесувањето на иницијатива за оценување на нивната уставност и законитост до Уставниот суд на Република Македонија.

СМК упатува демарш и најостра критика до Владата на Република Македонија заради суспензија на неопределено време на правото на референдум на граѓаните во општините Кочани, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Велес, Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба, Охрид, Карпош и Ѓорче Петров, затоа што државниот инспектор за локална самоуправа сметал дека општините според членот 22 од Законот за локалнасамоуправа немаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа, што е потврда дека Владата подготвува населување и интеграција на мигранти на територијата на Република Македонија спротивно на волјата на нејзините државјани!

СМК ја потсетува Владата дека Уставниот суд на Република Македонија веќе со Одлука од 5 јули 2017 година го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, со што Владата повеќе нема право да утврдува градби од посебен интерес за кои ќе може самата да изработува урбанистичко-планска документација.

СМК ја потсетува Владата дека во согласност со членот 22 од Законот за локалната самоуправа токму општините се надлежни за урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште.

СМК укажува дека во согласност со Амандманот XVII и ставот 1 на членот 115 од Уставот, во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на урбанизмот и руралното планирање.

СМК ја потсетува Владата дека секое одобрение за државна урбанистичка планска документација, урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона, урбанистичко-планска документација за автокамп и урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес, подлежи на јавна анкета и јавна презентација. Оттука, граѓаните имаат неприкосновено право на референдум при уредување и користење на просторот со определување на една или повеќе градежни парцели, во плански опфат и вон плански опфат, заради изградба на градби од посебен интерес!

СМК протестира до Владата заради прекршување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија: владеењето на правото, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, како и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата.

СМК очекува оваа злоупотреба на Владата на правото на граѓаните на локален референдум за уредувањето и користењето на просторот да биде санкционирана со одлука на Уставниот суд за отфрлање на иницијативите на државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу за запирање на примената на одлуките за одржување на локални референдуми за населување и интеграција на мигранти на територија на општините на денот на локалните избори, 15 октомври. Посебно и заради фактот што основите на Охридскиот рамковен договор се унитарност на државата и непроменливост на етничката и верската карта на населението, што во случлајов со населување на инородно и иноверно население надвор од територијата на Република Македонија се менува етничката и верската карта на државата, што е апсолутно неприфатливо!

40 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This