КОЈ ГИ ТРУЕ ЛУЃЕТО ВО СОЛЗБЕРИ: Новичокот од Ејмсбери е истиот како оној искористен во случајот Скрипал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи на Велика Британија, Саџид Џавид, го коментираше случајот на двајца Британци хоспитализирани во Ејмсбери откако биле во контакт со нервниот агенс.

Зборувајќи со пратениците во британскиот парламент, Џавид рече дека нервниот агенс кој ги доведе во критична состојба маж и жена во случајот Ејмсбери бил оној истиот што се користел при труењето на Сергеј и Јулија Скрилал.

Тој рече дека Владата на Велика Британија работи напорно на деконтаминацијата на погодените области.

“Сите места кои беа деконтаминирани откако по обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скипал сега се безбедни. Сите нови локации се подложни на напорно тестирање и сите предмети што можеле да содржат било како остаток и количина на агенсот биле безбедно отсранети. ”

Тој додаде дека нема докази дека жената и мажот кои сега се во болницата посетиле некое од местата што ги посетиле Скрипалови.

Претходно, полицијата објави дека граѓаните на Велика Британија, 44-годишна жена и 45-годишен маж, биле пронајдени во несвест во куќа во Ејмесбери. Тие во моментов се во критична состојба во болница во Салсбери, каде што беа третирани Скрипалови. На почетокот се претпоставуваше дека се предорзирале слично како во случајот Скрипал.

Ејмсбери е лоциран во близина на Салсбери, каде што поранешниот агент на британската разузнавачка служба Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени на 4-ти март. Лондон тврди дека Русија е вклучена во труење со супстанцата А-234, која британските власти ја изедначуваат со “новичок”. Москва категорично го негира тоа. Истрагата за инцидентот со труење во Скрипал ја води единицата за контратероризам на Скотланд јард.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This