April 30, 2024, 10:44 am

КОЈ ГИ „ШИША“ ВОЈНИЦИТЕ, АМБАСАДОРИТЕ СЕ ПОВАЖНИ: Шеќеринска наместо на показната вежба на армијата, беше презафатена со пиење кафе со амбасадорите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска немаше време да присуствува на показна вежба на СПБГ во касарната Петровец на АРМ поради средбите кои ги имаше со Амбасадорите на Полска и Франција.

Во касарната во Петровец и реонот на Катланово денеска ќе се реализира показна вежба на командно место на средната баталјонска борбена група (СПБГ), како дел од активностите за одбележување 25 години од формирањето на АРМ и претстојната ресертификација на СПБГ, соопшти ГШ на АРМ.

На вежбата денес присуствуваа претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, началникот на ГШ генерал-потплоковник Методија Величковски и генерали на АРМ.

Министрите во новата Влада секојдневно се на средби со амбасадорите но, немаат време за извршување на своите основни функции. Неприсуството на Министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска на воената вежба е знак на непочитување и неодговорност на новата министерка. Таа им дава повеќе значење на странските амбасадори одколку на вработените во министерството со кое треба да раководи.

Денес таа имаше две средби со амбасадорите на Франција и Полска, по чија средба Шеќеринска како што дознаваме си отишла дома, затоа што немала што да прави во Министерството.

Пред два дена пак, Шеќеринска оствари и средба со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, кој пак беше дел од „шарената“ револуција, активно користејќи го неговиот Твитер профил за коментирање на политичките состојби во државата, и јавно изразувајќи поддршка за тогашната опозиција но и соросоидните здруженија.

Ваква еклатантна негрижа за еден од највиталните аспекти на Македонската државност не е забележана уште од времето на Владо Бучковски, кој Министерството за одбрана го користеше како испостава за перење пари, но и оплодување на веќе стекнатиот капитал. Тој денес е пред суд за злоупотреба на пари на Армијата во процеура за набавка на резервни делови за тенковите на војската.

За истите, Бучковски плаќал неколкукратно повисока цена, а разликата ја ставал в џеб.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This