Кој го киднапиpaше Локалниот економско-социјален совет во Куманово?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачката спогодба на Локалниот економско – социјален совет во Куманово е потпишана на 9 декември 2010 година.

Во поголемиот дел општини ширум Македонија активно функцинираат овие совети кои се создадени со подршка на УСАИД преку Проектот за Деловно опкружување.

Се работи за трипартитен совет помеѓу синдикатот, работодавачи и општините

Во ЛЕСС Куманово членуваат претставници на локалната власт, репрезентативната организација на работодавачи ОРМ и репрезентативните синдикати.

Во последните неколку години ЛЕСС Куманово бил неактивен, но со започнување на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, советот повторно се реактивира пред околу две години.

Во моментов во ЛЕСС Куманово членуваат Градоначалникот на општината, Претседателот на Советот на општината и претставник на општинската администрација како и претставници на репрезентативните синдикати и ОРМ, при што како претставници на ОРМ се вклучени компании кои се успешни и познати во локалната заедница.

Со првите проблеми организацијата на локално ниво во Куманово се соочува откако како претставници на работодавачите влегуваат две фирми кои не се членови на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Проблемите продолжуваат откако започнува да се крши правилникот за работа на Советот па така еден ист претставник на работодавачите со поддршка на гореспоменатите компании добива три мандати по ред како претседател на Советот иако тоа не е дозовлено.

Според информациите на Инфомакс во моментов Советот не работи по правилникот, нема извештаи, нема информации, не доаѓаат луѓето на состаноци, работодавачите и синдикатите не можат да ги пласираат своите интереси.

Од неодамна во Советот почнале да членуваат и партиски членови на СДСМ со што се крши правилникот за работа.

Нашиот извор вели дека иако улогата на ова тело е советодавна таа има големо влијание врз работата на локалната самоурава од тоа каде приоритетно би се вршела гасификација до нови инфраструктурни решенија, одлуки кои сега за сега се во интерес на само мала група на бизнисмени во градот Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This