КОЈ ГО ШТИТИ АНДРЕА ЈОСИФОВСКИ: КХВ три месеци ја кочи продажбата на „Макпетрол“ иако досега нема никакви пропусти во понудата на БПХЛ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца Руски инвеститори кои своето богатство го направија во бизнисот со нафта, бараат одговори од Македонските власти на прашањето зошто нивната понуда за купување на дистрибутерот „Макпетрол“ е закочена во инстиуциите – пренесува Ројтерс

pavle_10

Александар Каплан и Александар Смузиков, двајцата од партнерите во ТНК-БП(Бритиш Петролеум), компанија формирана преку заедничка инвестиција на повеќе Руски бизнисмени со нафтениот гигант Бритиш Петролеум во 2013 година беше продадена за фантастички 55 милијарди долари на руската државна компанија Роснефт.

Каплан смета дека тој и Смузников се држени во информативна блокада по однос на нивниот обид да го купат контролниот пакет на една од најголемите компании во Македонија „Макпетрол“ за што имаат вложено и жалба против Комисијата за хартии од вредност.

Македонската влада одбила да го коментира процесот, додека од независната КХВ велат дека ревизијата на понудата е запрена бидејќи според Македонските закони, постои друга инстанца која треба да ги разреши засега непознатите прашања пред да продолжи купопродажбата.

Каплан изјавил дека КХВ е должна според законот да одговори во рок од 10 дена, за тоа дали дозволува компанијата да продолжи со јавното преземање. Регулаторот за Ројтерс рекол дека досега не се пробиени никакви процедурални рокови.

„Процесот е одложен бидејќи КХВ има идентификуван проблем, кој претставува одделна легална материја и е под авторитет на друг државен орган“, стои во одговорот на КХВ испратен по маил до Ројтерс.

„Без одлука на другото тело, КХВ нема да може да одлучува за понатамошните работи и затоа во моментов процедурата е запрена, затоа не може да се каже дека било каков рок е пробиен“.

Каплан пак изјавил дека од КХВ барале од неговата компанија Балкан Петролеум да достават дополнителни информации во Јули, а потоа повторно во Август, за на крајот во Септември да кажат дека во моментов е прекината ревизијата, во исчекување на изјаснувањето до „друг авторитет“.

„Нам сеуште не ни е кажано кој е тој друг авторитет, и кој е проблемот кој треба да биде разрешен“, рекол Каплан, додавајќи дека побарал објаснување на што добил одговор, дека информацијата е класифицирана.

Балкан Петролум поднел и жалба против КХВ до комисијата која во Македонија го надгледува финансискиот регулатор, но сеуште немаат одговор, додава Каплан.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This