УАПСЕНИ ТЕРОРИСТИ НА ИСИС ВО КОСОВО И АЛБАНИЈА: Планирале атентати и терористички напади на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единаесет лица, осомничени дека подготвувале атентати или регрутирале за Исламска држава, се уапсени во Албанија и на Косово, јавуваат локалните медиуми, а пренесува Вијести.

teroristi_albanija

Албанската полиција соопшти дека во саботата уапсила четири лица осомничени за финансирање тероризам, регрутирање борци за ИСИС и ширење терористичка пропаганда.

На Косово биле уапсени седум лица, обвинети за тероризам и закана за државната безбедност.

Наводно станува збор за активисти и членови на Исламска држава што подготвувале атентати на Балканот. Јавното обвинителство потврдило дека биле во контакт со други џихадисти во регионот.

„Полицијата на Косово во соработка со релевантни институции во и надвор од Косово, во следниот период ќе преземе законски чекори за зачувување на јавните ред и мир на Косово“, се вели во соопштението.

Портпаролот на полицијата Баки Кељмани соопшти дека безбедноста на Косово не била доведена во прашање. „Нема индикации за можен ризик“, соопшти тој.

Албанија и Косово се меѓу земјите со најголем процент граѓани што заминале на боиштата во Сирија и Ирак. Двете земји неодамна го сменија кривичниот закон со кој сега се предвидуваат до 10 години затвор за учество во оружен конфликт во странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This