Кој е човекот зaд Бyjap кој ги пишmaни чaиpчани?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска внатрепартиска војна изминатите неколку недели се водеше во ДУИ за вицепремиерската позиција, но и позицијата министер за надворешни работи. Партискиот состанок во Мала Речица го бојкотираа членовите на ДУИ од Чаир, Сарај и Куманово, а Владата СДСМ-ДУИ висеше на конец бидејќи неколку пратеници се шпекулираше дека нема да ја гласаат Владата.

Главен на непослушното крило на ДУИ беше екс градоначалникот на Чаир, Изет Меџити кој денеска изјави дека не се согласува со составот на Владата, но дека сепак ќе ја крене раката во Собранието.

Информациите на Инфомакс говорат дека чаирското крило лично го предомислил советникот за безбедност на Бујар Османи, Адем Бекири кој досега не е многу познат за македонската јавност. Сепак тој има доста влијание во ДУИ и во креирањето на политиките изминатите три години. Неофицијално тој го работи и теренот, а лично го штити Османи од кланот на Изет Меџити и реален конфликт.

Токму Бекири лично пишманил поголем број членови на ДУИ од огранокот во Чаир, а тркалото го свртел на страната на Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This