April 26, 2024, 11:59 pm

КОЈ ЗА КОЈА СЛУЖБА РАБОТИ И КОЈ Е ЧАДОРОТ: Осуден бидејќи продавал информации на Грците го обвинува Мијалков по налог на „чадорот“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува праксата на двојни аршини кои преку СЈО и Катица Јанева ги спроведува чадорот кој успешно со години ги одржува и заштитува своите „корисни идиоти“ во форма организирана на шпионска-разузнавачка мрежа

spion_presuda

Опозиционите медиуми под контрола на СДСМ/Сорос/УСАИД веќе една недела водат кампања преку која од петни жили се трудат да го нарушат угледот на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, пласирајќи во јавност информации од сведочењето на еден од сведоците веќе осуден за организирање на шпионска мрежа и продавање на доверливи информации на грчките разузнавачки служби, Марјан Ефремов, за наводната врска на Мијалков и Грујовски со српските разузнавачки служби. Обвинувања кои практично немаат никаква аргументирана основа ниту докази, а дотолку повеќе, обвинувањата доаѓаат од шпион веќе осуден за велепредавство, а потекнува од шпионска фамилија.

 

Кој е Марјан Ефремов и неговиот брат велешкиот јавен обвинител Ивица Ефремов?

Велешанецот Марјан Ефремов, брат на уапсениот јавен обвинител Ивица Ефремов, е лидер на групата од 20 луѓе што ги уапси МВР за шпионажа.

Ефремов, според полицијата, во 2009 година, откако добил отказ од Агенцијата за разузнавање, формирал злосторничка група, во која влегле поранешни или сегашни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми.

Тие прибирале разни доверливи информации од службите и ги продавале на странски разузнавачки служби, најчесто на една служба од нашиот сосед (најверојатно грчката бидејќи се најдени фотографии каде што се сликани уапсените со грчки разузнавачи).

Во групата имало вработен во Државниот архив кој им копирал доверливи документи и досиеја, со која членовите на групата потоа изнудувале пари од повеќе лица, на кои им се заканувале дека ќе ги објават информациите по портали ако не добијат пари.

Во групата од 20 луѓе, осудени за повеќе кривични дела, меѓу кои и шпионажа и злосторничко здружување бил вклучен и човек вработен во една од телекомуникациските компании, кој им обезбедувал податоци за телефони на одредени личности кои потоа групата ги следела и прислушувала.

Полицијата, најголем дел од документите пронашла на 27 мај 2013 година во куќата на обвинителот Ивица Ефремов, кога го апселе за случајот „Ликвидација“. Подоцна тие документи ги довеле до останатите осомничени. На прашање, дали меѓу документите има информации што може да потекнуваат од работатат на обвинителот Ефремов, тогаш министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска одговори:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Во домот на првоосомничениот е пронајдено прилично обемна документација која е предадена на вештачење во одделот за Крим техника. По вештачењето ќе се утврди на кој начин и од каде стигнувале документите до обвинетите.

 

[/kopa_block_quote]

 

Ефремов во 2011 според МВР се сретнал со Ване Цветанов и Зоран Божиновски каде што Божиновски добил документи од Цветанов кој ги објавувал јавно понатаму.

При претресот кај обвинетите се пронајдени уреди за сателитска комуникација, за прислушување, разна опрема, оружје и муниција.

За оружјето кое беше пронајдено во мај 2013-та година, Марјан Ефремов беше осуден на казна затвор во траење од 3 години, која казна апелациониот суд во меѓувреме ја зголемил на 5 години. Ефремов сведочеше и во „Ликвидација“ каде што рече дека двата пиштоли најдени во сеф во спалната кај неговиот брат, Јавниот обвинител биле на неговиот покоен татко, поранешен судија за прекршоци во Велес, кој бил соработник на УДБА, која му ги дала како награда.

 Кој се обидува да го оцрни и наруши угледот на најуспешниот директор за УБК во историјата на модерна Македонија?

Праксата на двојни аршини кои ги спроведува чадорот на чело со една од странските амабсади преку СЈО и Катица Јанева продолжува и понатаму, па во недостаток на докази против Мијалков и Грујовски истите се обидуваат преку медиумските мегафони на СДСМ/Сорос/УСАИД на секаков начин да се наруши угледот на екс-директорот на УБК.

Имено, дури ни Катица Јанева при поднесувањето на барањето за ослободување на Марјан Ефремов и неговата група шпиони не успеала да ги негира доказите дека шпионите од групата се аргументирано осудени, па најмногу со што можеле да се задоволат било барањето за намалување на казната.

Овој потег е самиот по себе преседан во правосудството.

Самото специјално обвинителство смета дека осудените се виновни, но по консултации меѓу Кристина Каранакова (инаку човек за врска помеѓу Бејли и СЈО), Катица Јанева била принудена да бара ослободување или намалување на казната за шпионите осудени за велепредавство при продажба и незаконска размена на информации со грчката разузнавачка служба, бидејќи осудената група на чело со Марјан Ефремов е под заштита на „чадорот“ од каде пак бараат за нив да не важат истите закони и санкции како за сите останати граѓани.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This